Актуелно

ОТЕЛО на 25. ИТФ „Варненско лето“



Варненско лето                                    
09.06.2017

Меѓународна селекција

Го заслуживме местото во националниот театар на Македонија

Атила Клинче, Директор на Турскиот театар во Скопје, Македонија

Ќе ни кажете ли нешто повеќе за Турскиот театар во Скопје? Каква е неговата улога во театарскиот живот во градот?
Турскиот театар во Скопје постои веќе шеесет и седум години и е еден од водечките театри во Македонија. Тој се единствениот турски професионален театар на Балканот и во Европа вон границите на Турција. Во овие години театарот продуцира претстави на турски јазик и е директно финансиран од страна на Министерството за култура на Македонија со статус на национална институција, како Македонските национални театри. Во моментот ја делиме зградата со албански театар. Но веќе три години како се гради една огромна зграда во центарот на Скопје, што во иднина ќе биде зграда на Турскиот театар. Очекуваме вселување следната година и да направиме сопствена екипа, сопствена администрација, техника и така натаму. Турскиот театар зазема особено место во театарот на Македонија. Пред пет години беше удостоен и со орденот на заслуги во Македонија, како театар на турскиот етнос во Македонија.

Со кои актери работите?
Ние имаме државна академија во која се предава на турски јазик. Јас сум еден од предавачите во неа. Актерите од претставата Отело со која гостувавме на Варненско лето се школувани на истата академија.

Дали ви е ова прва соработка со режисерот Дејан Пројковски?
Во нашиот театар немаме постојан режисер. Работиме со режисери од Македонија, Турција и од Балканот. Кај нас работеле и голем број бугарски режисери. Работевме со Дарко Ковачовски, кој ја прикажа својата куклена претстава Калифот Штрк. Работеле и Александар Илиев, како и кореографката Александра Хонг. Работиме со сите најдобри режисери во Македонија. Со Дејан ова е нашето петто заедничко работење. Пред повеќе години започнавме со Епот за Гилгамеш, потоа Тартиф, Ромео и Јулија, Прометеј, и сега Отело.

Какво е местото на Отело во репертоарот на театарот
?
Во моментот на репертоар имаме три пиеси од Шекспир. Освен во Отело, актерите играат и во Комедија на грешки на режисерот Ангеловски и Сонот на летната ноќ од режисерот Александар Поповски.  Имаме претстава од Карло Голдони која се игра на македонски, турски и албански јазик. Имаме и претстава за деца. Го заслуживме местото во националниот театар на Македонија.
Прашањата ги постави Ангелина Георгиева



http://viafest.org/varna/wp-content/uploads/sites/2/2017/06/itf-2017-bulletIn-04-bg-opt.pdf

НУ Турски театар гостувше на 25. Меѓународен театарски фестивал 
„Варненско лето“ во Варна, Р.Бугарија,  со претставата ОТЕЛО
од Шекспир, во режија на Д. Пројковски на 08.06.2017 г. 
Поради големиот интерес претставата имаше две изведби.