Напоредно со негувањето на народните театарски форми, како што се Караѓоз, Меддах и орта ојуну, во средината на XIX век во турската империја длабоко навлегле влијанијата на европската културна традиција и театар. Напорите на турската интелигенција да фати чекор со современиот европски, пред сè француски театар, довеле кон подоцнежно создавање на театар и во Македонија.