Во изминатите 10 години од формирањето и развојот на Малцинскиот народен театар несебично помагале луѓе и од пошироката општествена заедница. со нивна помош, бил формиран едногодишен студиски курс, кој придонесол младите нео-питни артисти да стекнат знаења не само од теоријата на глумата, туку и со прак-тично сценско мајсторство. „на 24 април одново ќе се крене завесата на Малцинскиот народен театар, во кој секоја недела ќе се прикажуваат по 3–4 претстави. новата сала ќе му овозможи на театарот уште поубава перспектива. со засилена уметничка дејност, во иднина тој ќе настојува да се оддолжи за сето она што го има сторено заедницата за него-вото формирање, како и за постојаната грижа за неговиот развој.“

„Десетгодишнината театарот ќе ја одбележи со богата програма, а ќе започне со свеченото отворање на Малата сала што е изградена во зградата на Малцинскиот народен театар (киното ’Братство’). почетокот на прославата ќе биде на 24 април во 10 часот изутрина, кога ќе се одржи и свечена седница на театарскиот совет, а потоа ќе биде отворена изложба од работата на театарот. вечерта во 20 часот ќе започне вечер со фрагменти, на која турската и албанската (тогашна Шиптарска) драма ќе прикажат делови од драмите ’сопружници’, ’лисицата и грозјето’, ’Дали
помина оттука млад човек’ и ’пат кон злостор’, а ќе настапат и солисти на операта, како и членови на Балетот. на 25 ќе гостува народниот театар од приштина со ’разбојници’ од Шилер, а на 26 ќе гостува народниот театар од скопје со ’Д-р’ од Б. нушиќ. на 27 април турската драма ќе ја прикаже премиерата на ’слепиот’ од ведат Медим тор, а на 28 ’Души’ од петар петровиќ-пеција, во изведба на албанската (тогашна Шиптарска) драма.“

На свечената седница на театарскиот совет реферат за десетгодишната работа на театарот прочитал директорот на театарот, Шуко авдовиќ. на седницата прису-ствувале Димче Беловски, претседател на советот за култура на нрМ, авдо Џиновиќ, претставник на народниот театар од Мостар (поранешен актер во пред-военото народно позориште во скопје), и управникот на народниот театар од приштина, Хасан Меркули. по рефератот биле доделени награди, спомен-дипломи и пофалби на истакнати театарски работници и соработници на театарот. на крајот, учениците од турското училиште прикажале културно-уметничка програма, по што била отворена изложбата за дотогашната работа на театарот.

Прва премиера во 1969 година на турската трупа при театарот на малцинства-та била пиесата во три чина „слепиот“. режисерот илија Џувалековски дал сè од себе да им овозможи на „ликовите од оваа пиеса ... да дадат добри артистички остварувања“. Шерафедин неби (слепиот) „се чувствувал наполно сигурен во долову- вањето на ликот на човекот“. по него бил вреднуван „секогаш симпатичниот артист на Младинската сцена Љутви сејфула, кој кон галеријата свои успешни остварува- ња го придодава и ликот на Чичкото“. успешен бил и Бинас салих, кој ја остварил својата досега најдобра улога.

Турскиот театар ја прикажал „кула вавилонска“ од Душко роксандиќ како втора премиера во сезоната. режисер и сценограф на пиесата бил саша Маркус. За најно- вата премиера било речено дека „значи пријатно доживување во границите на претензиите на нејзиниот автор... режијата на саша Маркус... реализирала едно и полчасовна пријатна забава за гледачите“. режисерот успешно ја приспособил пие- сата кон конкретните услови на сцената. Љутви сејфула бил на нивото на своите најдобри улоги. „тој просто владееше со сцената, при што наидуваше на одличен прием кај публиката“. со мошне привлечна улога по подолга пауза се појавил и ајтен салих. со успех ги исполниле задачите и другите двајца учесници во извед- бата: Шерафетин неби и Бинас салих.

Турскиот ансамбл ја отворил сезоната со драматизираниот текст на стеван сремац „нашиот ревизор“, во режија на Мирко стефановски. критичарот е незадо- волен од изборот на пиесата. и покрај обидите на режисерот да извлече интересни детали, какви што постојат и ја освежуваат претставата, не може да се биде задово-лен. Љутви сејфула настапил во две улоги и со ликот на сирано „е едно од најсимпа-тичните остварувања во ’нашиот ревизор’, што покажува дека Љутви сејфула е артист со огромни артистички можности, на кој може да им завидува и секој реноми- ран драмски колектив“. Бинас салих (Жената на учителот) пријатно изненадила. ајтен Шик дала симпатичен лик. Џемаил Максут (капетанот) создал забележителен лик.

Успехот на најновата премиера „светилник““ од перо Будак на турската група е резултат на залагањето на сите, почнувајќи од актерите и режисерот, сè до сцено- графот и преведувачот. режисерот Мирко стефановски „до максимум ги искори-стил расположливите мошне скромни артистички сили... успевајќи да создаде пре- тстава која ќе го задоволи вкусот на публиката“. Љутви сејфула (Мате) бил најцело- сен и најубедлив. Бинас салих (луче) исто така била мошне добра и сè повеќе ги откривала своите можности. За пофалба бил и трудот на неџати Зекерија, кој успе- ал да даде „мошне течен и воедначен превод на делото“.

Ако се проследува репертоарската политика на Турската драма од првата изведбата на „Сомнително лице“ во 1950 година па сè до денес, може да се забе- лежат неколку поважни етапи во нејзиниот развиток. Ослободувајќи се од ден на ден сè посмело од присутната зависност од репертоарите на другите театри, откривајќи нови перспективи и сè посигурни насоки, Турскиот театар го поми- нуваше својот неизоден пат. Се бореше, од една страна, со неговата младост, недоволното искуство, отсуството на поголем број стручни кадри и извори за избор на драмски дела, неразвиената домашна драматургија, и, од друга стра- на,со огромниот интерес за населението и барањата да се задоволат сите струк- тури на публиката. Годините по формирањето Театарот ги поминуваше без сво - ја зграда и работеше во провизориуми, што доведуваше до репертоарски осци- лации, несигурност и пропусти. Тоа е една од причините што во почетокот се пос тавуваа пиеси гледани на сцената на МНТ, потоа поголем број актовки од Нушиќ и Чехов, некои фолклорни пиеси, мелодрами и слично. Мошне позитив- но во тој период е присуството на повеќе дела од Молиер – „Вообразен болен“, „Со сила лекар“, „Жорж Данден“ – што речито говори дека во колективот пос - тое ле амбиции да се мине на поквалитетни текстови и за сознанието дека тие се гаранција за натамошниот развој. Во 1953 година Театарот ја доби својата нова зграда лоцирана во непосредна близина на Бит-пазар, која ја дели со кино- то и библиотеката. И понатаму уште долго ќе се провлекуваат фолклорни пиеси со проблематични литературни вредности, но и сè повеќе забележителни драм ски дела, како што се „Квеј Лан“ од Перл Бак, „Монсерат“ од Роблес, „Лажго“ од Голдони и други што ќе ја навестат новата репертоарска ориентација. Во овој период имаше уште две праизведби на две драми од домашни автори – „Изгу - бениот рај“ од Муртеза Пеза и „Сузан“ од Мустафа Карахасан (1955–56).

Големата рестрикција на кадарот во 1956/57 година го довела Театарот во мошне тешка ситуација. Настанал кризен период. Се провлекле и проблематич- ни текстови, како „Два наредника“, „Улични музиканти“, „Раси миниот севдах“ итн., но се пак доминираа успешни репертоарски потези, како „Златен песок“ од Гавриловиќ, „Лисицата и грозјето“, „Пат кон злосторот“, „Светилник“, „Миран - долина“, „Скапен“ и други. Така, праизведби доживеаја делата „Алиш“ од Хусеин Сулејман (1958, 1962, 1974), „Суртук“ од Шерафетин Неби (1957/58), „Шахот-штрк“ (1960/61).

Турскиот ансамбл на Малцинскиот народен театар „мошне успешно и импре- сив но“ ја прикажал пиесата „Шахот штрк“ од илхами емин. сите артисти од соста- вот на турската драма, на чело со Шерафетин неби (Шахот), Љутви сејфула (везирот), Мухарем Шаичи (евнухот) и Џемал Максут (кашмир) „успеаја да дадат креа-ции од повисок стил и заслужено ги освоија аплаузите на премиерната претста-ва, ус пеш но режирана од саша Маркус и во убава сценографија на Тома Владимирски. За нимливите слики во изобилие бои, проследени со привлечни мелодии и јасна дик ција на интерпретаторите, го претставуваат основниот елемент од живиот по четок до малку недоречениот крај на оваа инаку мошне привлечна сценска сказна“.

Турската и албанската (тогашна Шиптарска) драма заминале на турнеја од 10 до 30 мај со претставите: „Манде“ од Марин Држиќ, „парите се отепувачка“ од ристо крле, „алиш“ од Хусеин сулејман и „Шахот-штрк“ од илхами емин. Биле посетени Гостивар, селата Боговино и Чегране, Дебар, струга, охрид, селото крање, потоа Битола, тетово, ресен и други места. прикажани биле вкупно 34 претстави со над 13.500 посетители. посебно голем интерес за претставите покажале жителите на посетените села. имало случаи кога на претставите доаѓале селани од најодда- лечените места, пешачеле и по десетина километри за да дојдат во селото каде што се одржувала претставата.33 За наредната сезона Малцинскиот народен театар предвидел да прикаже 14 премиери, од кои 4 за деца. турската група јубилејот на револуцијата ќе го одбележи со премиерата на „Златниот песок“ од Жика Гавриловиќ, а во репертоарот за следната сезона се предвидуваат: „сирото мое паметно дете“ од конфино, „Досетлива девојка“ од лопе девега, „Блудница достојна за почит“ од сартр и „Ханка“ од самоковлија, како и дет-
ските пиеси: „јуриш“ на Душан вујатовиќ и „царевата нова облека“ според андерсен. и двата ансамбла предност ќе и` дадат на домашната драма од малцински автори.

Малцинскиот народен театар со претставата „парите се отепувачка“ гостува на градилиштето на автопатот куманово, а по повод 15-годишниот јубилеј на приштинско позориште гостува со „небесен одред“ од лебовиќ-обреновиќ и „Златниот песок“ од Живорад Гавриловиќ. Договорено е гостување во улцињ, Задар, тузла и Мостар, а постојат изгледи за гостување и во Бања лука и сараево. направен е дого- вор за меѓусебни редовни гостувања на Малцинскиот народен театар на сцената на Младинско-детскиот театар и обратно. За идната година се предвидува да се примат нови актери, а ќе се распише конкурс за домашна драма. од идната година театарот ќе добие и постојан режисер, кемал лила, кој е студент на Љубљанската академија, а кој во февруари 1962 година како своја дипломска претстава ќе ја режира „Блудница достојна за почит“ од сартр. како гости ќе режираат Богољуб јефтиќ од Загреб и крум стојанов и Димитрие османли од скопје.

На „Златниот песок“ од Живоин Гавриловиќ му недостасува поголема драмска силина, „но и од овој просечен текст режисерот киро Ќортошев успеал да го извлече максимумот и гледачите ја напуштија претставата со позитивен впечаток.

Успехот на режисерот се гледа во вајањето на секој лик, а сите заедно создале ком-пактна игра која е за одбележување.“ Љутви сејфула (Шемсо) и Шерафетин неби (Богдан) успешно ги креираат лико-вите. незакет али (јака) и Џемаил Максут (Бошњак) се исто така мошне добро уиг-рани. во другите улоги успешно настапуваат ајтен Шик, Мејди Барактари, Фехми Груби и Хајредин Гаши.

Во последните две години финансиската состојба во Малцинскиот театар поле-ка почнала да се средува, за разлика отпорано. Било крајно време да се посвети поголема грижа за несоодветната состојба со фундусот на декорот, реквизитите, гардеробата, како и за конечно комплетирање на двете драмски групи со потреб- ниот број уметнички и технички персонал. театарот, поради малите можности уште повеќе да ја подобри финансиската положба, побарал учество и на републиката, поточно сакал да стане републичка установа. од распишаниот конкурс за артисти, комисијата предложила 6–7 пријавени кандидати кои поседувале квалитети за артисти. Меѓутоа, околијата немала пари за ова, а немала пари и за турнеите по селата на околијата и низ републиката. неколку години се правеле напори театарот да добие камион и автобус, или едното или другото, со што гостувањата би биле поевтини. акутен проблем бил станбеното прашање, без чие решавање не било можно нормално функционирање на театарот... во Малцинскиот народен театар, на турската сцена, по четврти пат била поста- вена „коштана“ од Бора станковиќ. „овојпат таа минува во знакот на еден мошне добро остварен лик, кој треба да се издвои како посебен квалитет на изведбата, а тоа е ликот на Митке во исполнение на Љутви сејфула“. тој и порано ја има играно истата улога но овојпат ја „надраснува“, така што неговите креативни можности доаѓаат до полн израз во оваа изведба на „коштана“. режијата на тодор николовски била „коректна“, како и ликовите на Џемаил Максут (аџи тома), Шерафетин неби (арсо), Марк Марку (Гркљан), незакет али (коштана). Љутви сејфула „создава лик кој по силината слободно може да се мери со најдобро реализираните ликови на Митке кај нас“.

Режисерот тодор николовски во постановката на „Ханка“ со турскиот ансамбл при Малцинскиот народен театар се движи „воздржано, но доволно функционал - но“. тоа смирено ги потенцира „битовите елементи на делото при оживувањето на главните ликови“. преводот на неџати Зекерија е добар и сценски динамичен „но недоволно усогласен со циганскиот жаргон, така што се добива впечаток дека сите зборуваат на најчист литературен турски јазик. ајтен Шик (Ханка) „успешно ја доло- вува комплицираната личност. таа е еднакво убедлива како во движењето на сце- ната, така и во својот сигурен сценски говор“.

Џемаил Максут (сејдо) „постепено се формира како солиден артист. До неодам- на артист со скромни уметнички квалитети, тој сè повеќе нè убедува во своите креа-тивни можности“. За Шерафетин неби (Мечкарот) пишува: „интересно е дека нави- дум мала, сосем неважна улога неочекувано го претставува најсимпатичното арти-стичко остварување во ’Ханка’, со што на дело е потврдена старата вистина дека не постојат мали и големи улоги, туку добри и лоши артисти“. Задоволуваат и улогите на незакет али, Љутви сејфула, Мехди Бајрактари. ре - цен зентот, голема реткост во театарската критика, посебно го истакнува осветли- телот ахмет сабит, „со чија заслуга сите 4 слики добија во поефектното оживување на дејството“.

За турските деца прикажана е пиесата „јуриш“ од Душан вујатовиќ, во режија на спасе нелов. пиесата ја гледале 1101 ученик од училиштата „тефејуз“ и „вук кара - џиќ“ во скопје. Детските претстави на турски и албански јазик се прикажани 10 пати. на 16 мај е прикажана „коштана“ за наставниците.

На својата турнеја низ Македонија, Малцинскиот народен театар прикажал 40 претстави. „не можевме да ги задоволиме желбите на сите оние кои сакаа во нив- ниот град или село да приредиме повеќе претстави, бидејќи со тоа би ни се нару- шил планот на турнејата“, вели директорот на театарот Шуко авдовиќ. „како во гра- довите така и во селата, особено теарце, сараќино, Боговиње, Чегране, вруток итн., бевме пречекувани повеќе одошто можевме да се надеваме. во некои села пре- тстави одржувавме и пред повеќе од илјада гледачи“. особена помош за организи- рање на настапите и прибирање на публика имаат од селските учители.. следната премиера е „слава и осаменост“ според расказот „патувањето на алија Ѓерѓелез“ од иво андриќ, а во адаптација на иљами емин и режија на илија Џувалековски. романтична љубов помеѓу тахир и Зухра, источничка варијанта на ромео и јулија, народска распеаност и филозофско размислување исполнето со афоризми, изреки и поговорки. режијата и драматизацијата со желба кон „што е можно поефектно драмско боење на настаните и ликовите, кое може да се смета за успех на постановката. се избегнува препотенцираната разводнетост и сентиментал- ност, а нивната отсутност е надополнета со давање низа детали кои го донесуваат пред гледачот светот на сарајот на Баба-хан, кој врие од интриги и меѓусебни озбо-рувања, а и пресметки, и сè ова успешно вкомпонирано околу прекрасната љубов- на приказна за тахир и Зухра, овие двајца бесмртни љубовници од истокот, како сличните истории за лејла и Меџнун, Ферхати и Ширин и уште толку други“. публиката, на која и` е позната приказната, топло ја прима претставата, а и затоа што сценографијата на тома владимирски и костимите на рада петрова помагаат да се почувствува амбиентот на сарајот. успехот би бил поголем ако заради десет- те слики претставата не е развлечена и не изгледа расцепкано. посебно одбеле-жување заслужува Љутви сејфула (назим), Шерафетин неби (везир), Џемаил Максут (карабатир), Мехди Бајрактари (тахир), Фехми Груби (Батир), Бинас Шик (јилдиз), ајтен Шик (Зухра). привлечно се претставуваат и најмалите „артисти“ Фирдауз неби (тахир на мали години) и Махмут Ѓукшен (малата Зухра). во пре- тставата не треба да се заборави придонесот на неџати Зекерија за преводот на текстот и стиховите.

Турската група уште во декември или во почетокот на јануари требало да ја при-каже премиерата на „слава и осаменост“ според новела на андриќ. се очекувало да почнат и подготовките на детската пиеса „царевата нова облека“ според андер - сен. потоа турската група ќе започне со подготовката на сартровата „Блудница достојна за почит“ или „Моето бебе“ од Жак конфино. Малцинскиот народен театар го зголемил бројот на своите редовни претстави, односно покрај по трите редовни, неделно се одржувале и по две претстави за уче- ници. Малцинскиот народен театар бил во контакт со Македонскиот народен теа- тар за настапи на одделни ансамбли на сцената на Малцинскиот народен театар. Меѓу првите премиери на турскиот ансамбл при Малцинскиот народен театар пред десетина години била „сомнително лице“ од нушиќ, а сегашната изведба била во нова режисерска и сценографска концепција, како и со нова поделба на улоги- те. новина во оваа постановка бил новиот приод кон делото, исмевање на сурово-ста, тапоглавоста и глупоста на полицискиот апарат на предвоена србија... петре прличко во својата концепција ја „потенцира сатиричната нишка на делото, при кое комичните ситуации би биле само затоа за да ги исполнат оние места каде што би се почувствувало извесно развлекување и монотонија во расветлувањето на
настаните и ликовите“. Заслуга за успехот на претставата, покрај режисерот петре прличко, имал и Љутви сејфула (јеротие), чиј лик можело слободно да се вброи во најдобрите „улоги од репертоарот на овој талентиран артист. Неговата доминација над другите улоги била толку очигледна, што тоа на крајот придонесло и другите протагонисти да се чувствуваат некако поповлечени во себе“. За одбележување била играта на рамадан Махмут (Жика) и донекаде на незакет али (Марица), на Џемаил Максут (виќо) и Зија Бериша (јоса). „во целост ’сом ни тел -
но лице’ на сцената на Малцинскиот народен театар претставува солиден труд на своите реализатори“.

Малцинскиот народен театар секоја сезона поставува и по едно дело наменето за најмладите, кое честопати го гледаат и возрасните. режисерот спасе нелов рекол дека во пиесата „царевата нова облека“ се исмејуваат глупоста и ограниче-носта на власта и здравиот разум и смислата за хумор кај народот. во интерпрета-цијата настојувал да го прикаже стилот на комедијата дел арте кој бил погоден за ваков вид пиеси. костимографот рада петрова изјавила дека костимите ги решава-ла повеќе „имагинарно, но сепак како точка за тргнување ми служеа костимите од периодот на кинеската династија Минг. во моите костими има доста стилизација, накитеност, која одговара на една бајка, и доста фантазија“. актерите присутни во редакцијата на „нова Македонија“ Љутви сејфула, Шерафетин неби и Мејди Бајрак - тари го истакнале настојувањето на театарот редовно да поставува детски пиеси на својата сцена.

Концепцијата на режисерот спасе нелов била не само да забавува туку да го на - тера гледачот да размислува по претставата. претставата имала динамична мизан-сцена и со неочекуваните режиски решенија ја издигнал на завидно ниво. нај ус - пешен бил ликот што го остварил Љутви сејфулах (Чин) кој со усет за духовитост „а посебно со потцртување на комичноста во текстот тој покажа дека спрема услови- те умее да биде колку трагичар толку и комичар“. најсимпатична улога била онаа на Шерафетин неби (царот). „тој релјефно ја извајал оваа навидум споредна улога, така што секоја негова појава предизвикуваше задоволство и одобрување“. успешно се претставиле и Фехми Груби (Фах), Џемаил Максут (Шен) и ајтен Шик (царицата). „Шареникавоста на костимите на рада петрова и стилизираната сценогра- фија на трајче јанчевски многу придонесоа за убавиот успех на оваа претстава“.

Катастрофалниот земјотрес на 26 јули ја урна зградата на театарот. ансамблот се лоцира под шатори во сарај, каде што беа сместени и другите театри. оттаму секој посебно настапуваше по шаторските населби во градот и околината каде што беа сместени граѓаните на скопје. Да се направат напори за составување репертоар што ќе одговара на различ- ните афинитети и вкусови, и тоа: за градската, за селската работничка публика и за школска младина, како и за учениците во осмолетки. пронаоѓање нови форми за привлекување на публиката, а една од тие е отворањето сцена сред чаршијата во летната сезона – од рана пролет па до доцна есен на отворено, во ановите како што е капан-ан, кој треба да се адаптира и да се приспособи како туристичка атракција. Да се зголеми бројот на артисти и во обете драми да изнесува по 15 артисти, или во двете драми да има 30 артисти. Да се изнајдат можности за поголем број претстави в град, в село, по школите, претпријатијата и фабриките. До пред извесно време не била извесна судбината на зградата на Малцинскиот народен театар и на киното „Братство“ во скопје. најпосле, деновиве е одлучено зградата на Малцинскиот народен театар да се урне во март оваа година. вработените во театарот се наоѓаат во мошне тешка ситуација, без простории, без работа на двете драми.

Во деновите кога се решава дали да се урне зградата на Малцинскиот народен театар, двата ансамбла засилено ги подготвуваат своите премиери, без да знаат каде ќе најдат простор за прикажување. турскиот ансамбл ја подготвува претста-вата „Човек без лице“ од Шерафетин неби, во негова режија. тоа е мелодрамски текст, проследен со пеење. во моментов не се решени повеќе суштински прашања. „имено неговата постојана локација и неговото име: Малцински театар, кој ни најмалку не одговара на нашите уставни одредби. кај нас нема малцинство, туку народности и затоа оваа културна институција би требало што поскоро да добие соодветно име. се очекува во најскоро време да се објави како ќе се вика сегаш- ниот Малцински театар“.

„Човек без лице“ од Шерафетин неби е мелодрама со сериозни внатрешни судири. „тоа е слика на едно одамна одминато време, исполнето со социјални про-тивречности во кои е испреплетена љубовта меѓу двајца млади“. претставата пре- тставувала „една хомогена сценска изведба што спаѓа меѓу најуспешните оства- рувања на сцената на Малцинскиот народен театар“. покрај Шерафетин неби, во претставата се истакнале и незакет али, радмила Максути и Љутви сејфула. во другите улоги настапиле Бинас сали, Дијана вокши и енвер Дардишта.

Во двете етапи на турнејата која траела 34 дена, почнувајќи од април па сè до крајот на јуни, Малцинскиот народен театар се претставил пред публиката во градовите и селата на тетовска, охридска и Битолска околија. Било решено е тој да работи во салата на работничкиот дом сè до изградбата на новиот театар. турската драма планирала да ги подготви: „протекција“ од Бранислав нушиќ, „измама“ од Глишиќ, „скапен“ од Молиер, „коштана“ од Бора станковиќ и две детски пиеси од Младен Широла. како режисери, покрај Ќемал лила било договорено да се ангажираат гости од приштина, Белград. Малцинскиот наро- ден театар годинава ќе работел со ансамбл зголемен со уште 8 артисти и ком-плетен технички персонал. во план било и гостување во нр Бугарија со „сомнително лице“ и со „кош та на“, како и нивно гостување во скопје. постоела голема надеж кај вработените дека до крајот на годината ќе се најдат во новиот монтажен театар, чија изградба почнала неодамна, во непосредна близина на
јаја-пашината џамија. во овој привремен објект се надевале дека ќе можат нор-мално да работат.

Меѓутоа, пристигнала неочекувана и неверојатна вест дека Малцинскиот народен театар нема да се гради како монтажен театар. преселувањето од сала во сала ќе продолжело до 1966 година кога, според плановите, би била готова ѕидана зграда на театарот. веднаш по земјотресот, кога се планирале двата денес речиси готови театри, во план била и изградба на монтажен театар и за Малцинскиот народен театар. но, поради постојаното одложување на изградба-та на двата театра се донело решение да се гради ѕидана зграда, бидејќи време-то на траење на градбата на монтажен театар не било ништо покрстко. ова решение на управата на Мал цин ски от народен театар го прифатиле во Градското собрание и така било договорено да се распише конкурс за проект на идната зграда на театарот. До крајот на 1966 година, Малцинскиот народен теа- тар би бил единствен патувачки театар во земјата, а за таа цел театарот набавил автобус и своите технички уреди ги приспособил за ваква работа. во скопје ќе прикажувал претстави во салата на работничкиот дом, во училиштето „Даме Груев“ и училиштето во населбата Бутел. театарот требало се пресе ли од импро-визираните бараки на местото на поранешната зграда, каде што добил поголе-ми монтажни објекти, во кои имало доволно место да ги врши сите подготовки до конечното давање претстава. во моментот само Малцинскиот народен театар прикажувал претстави во скопје. албанската драма веќе ја дала премиерата на „нита“ од јосип креља, а турската „Доживувањата на скапен“ од Молиер. во под-готовка биле „по полноќ“ на албански јазик и „јуриш“ за детската сцена.46 турската драма премиерно ја извела „Чудак“ од назим Хикмет, претстава во која како режисер дебитирал кемал лила.

Во текот на 1965 година бројот на вработените варирал. во почетокот биле вра-ботени 54 лица, додека на 31.12.1965 година тој број изнесувал 49. во групата на оние на кои им бил откажан работниот однос се нашол и поранешниот директор на установата Шукри авдовиќ, кој од 1.8.1965 година, по свое барање, заради одење на нова должност, бил ослободен од страна на советот на театарот и на истата сед- ница, со важност од 1.9.1965 година за в.д. директор бил назначен Мирко сте фа - новски, драмски режисер во театарот. турската драма имала 11 артисти, од кои 4 жени, еден суфлер, а албанската имала 10 артисти, од кои 5 жени и еден суфлер. За обете драми имало само еден инспициент и двајца режисери кои не биле врзани за драмите, туку работеле и во едната и во другата драма. Било потребно секоја драма да има по 15 актери најмалку, потоа костимограф, сценограф, лектор и друго. струч но-техничкиот, административниот и помошниот персонал бил единствен за двете драми. и овде бројот бил недоволен. во состав на театарот биле службите: Шивална – машка и женска, гардероба, реквизита, електричар и изведувачкиот дог - рамаџиски и сликарски дел, како и постојниот возен парк од две моторни возила. постојните служби биле слабо опремени и без позајмувања од други театри не биле во состојба да ги обезбедат претставите. посебна тешкотија претставувал пре- ведувачкиот кадар за пиеси, така што често се случувало да не може да се постави делото поради непреведување, или пролонгирање на роковите. театарскиот совет броел 22 члена, од кои 15 избрани од колективот, а 7 делеги- рани од Градското собрание. управниот одбор броел 6 члена и 6 заменици. на состаноците се третирале проблемите околу локацијата на новиот театар, финан- сиските проблеми, годишните планови и завршната сметка, систематизацијата, промената на името на театарот, организирањето прослава за 15-годишнината, реклама, избори, гостувања во срМ, космет и нр Бугарија, моторни возила и потре- бата од нив, награди, разрешувања, именувања и друго. во текот на сезоната 1964/65 биле прикажани 8 премиери, а биле изведени 71 претстава со 27.843 посетители. во текот на 1965 година прикажани биле 8 премиери (по 4 секоја драма), со вкупно 99 претстави, и тоа во: скопје 19 со 3.640 гледачи; ср Македонија 52 со 15.660 гледачи; космет 4 со 1.200 гледачи, нр Бугарија 13 претстави со 10.200 гле- дачи. За време на редовната турнеја низ Македонија, биле посетени повеќе од 30 села и центри, како: тетовско, Гостиварско, кичевско, Дебарско, струшко, охрид - ско, ресенско, Битолско и кумановско. албанската (тогашна Шиптарска) драма при- кажала вкупно 75 претстави со 20.575 гледачи, а турската 24 претстави со 11.550 гледачи.

Во текот на јули 1965 година театарот со турската драма му ја вратил посетата на естрадниот театар „васил Друмов“ од коларовград, каде што прикажале прет - ста ви, како и во разград, трговиште, русе, силистра, толбухин и провадија. на тур-нејата биле прикажани претставите „коштана“ и „Чудак“ „Чудак“ била во режија на кемал лила, негово прво режирање, односно дебитирање како режисер.. во текот на јуни, естрадниот театар „васил Друмев“ од Бугарија и` гостувал на турската драма и претстави прикажале, покрај во скопје, во приштина, призрен, тетово, Гостивар, охрид и Битола. тој театар прикажувал и естрадна програма. неопходно било потребно да се реши прашањето за директор, за постојана сала и сцена, да се забрза проектот за новиот театар, да се среди финансиската положба, да се обезбедат определен број станови, да се средат личните доходи, да се донесат основните правни акти и да се распише конкурс за пополнување на потребните работни места. премиерите на „нажалена фамилија“ и на „Малите птичари“ се планирало да се одржат во салата на работничкиот дом и во англиските монтажни училишта со добри сали, односно во училиштата „Живко Брајковски“ во Бутел, „Даме Груев“ во Чаир и „тефејуз“ на Бит-пазар. изведбите немало да се ограничат само на овие пунктови. новите изведби ќе биле прикажани и во простории на Железарницата, стакларницата, оХис, слога, Маврово, Гранит, Бетон, потоа во радуша, јегуновце и Генерал јанковиќ, како и во селата синѓелиќ, сарај, студеничани и Глумово. театарот бил сместен во монтажни бараки кои овозможувале таму да се под- готвуваат претставите, а генералните проби и настапите биле во работничкиот дом. Малцинскиот народен театар на 15 септември заминал на турнеја низ Македонија, да посети 27 градови и села во републиката. премиерите „вистината е мртва“ и „крвави свадби“ се одржале во салата на народниот театар во скопје. на 28 март 1966 година е отворена новата адаптирана сала на театарот на албанската (тогашна шиптарска) и турската народност во партерот на зградата на општествените организации (работнички дом). новиот салон на театарот, со привре- мен карактер, можел да прими 206 посетители. по тој повод, премиерно била при- кажана пиесата „Мртвите не плаќаат данок“ од италијанскиот писател никола Манцари, а во режија на Мирко стефановски. на свеченото отворање на новата сала, присуствувале повеќе општествено-политички, јавни и културни работници, меѓу кои и кемал сејфула, азем Зулфиќари, осман Мифтари, реис Шакири, Благој попов, Љупчо ставрев, Хамзи река, Ѓоко Георгиевски и други. на премиерата на „насилникот од тороз“ присуствувал и авторот на пиесата, азиз несин. тој е истакнат писател и е претседател на Здружението на писателите на турција. во пиесата настапиле артистите салаетин Билал, Љутви сејфула, радмила Максут, Мезакет али и други.

Главна личност во „насилникот од тороз“ е нури сајнер, мал цариградски пен- зионер кој ќе доживее низа комични ситуации и покрај неговата природа ќе се откријат и други од светот, кои очигледно не му се многу при срце на авторот. тоа е светот на богатите, полицијата, како и политичко-партискиот живот во оваа земја. тој како комедиограф се јавува како смел изобличувач на негативното во својата околина и во своето време.

Режисерот кемал лила настојувал „што почисто да се пласира на сцената комич- ниот збор на авторот и во една специјална ситуација што повеќе да се види тра- гичната судбина на малиот турски човек и на неговата фамилија. во тој поглед, таа имаше убави моменти. се истакнувале улогите на Љутви сејфула (нури сајнер). рамадан Махмут и на младата сузан Максут.

Шерафетин неби на текстот „украдена принцеза“ му пришол со поголема сме- лост, внесол проекции, светлосно звучни ефекти и послободни мизансценски решенија, да гради спектакл-бајка. тој со сигурност го водел дејството и успеал да создаде претстава „која е далеку над тоа – само да се гледа“. од ликовите во прв ред биле Љутви сејфула (раскажувачот), Џемаил Максут (лу Ху), Мушареф прекиќ. посебно интересни биле остварувањата на салаетин Билал (Хај Ху), енвер Беџет, радмила Максут, Феми Груби (Херолд). во претставата дебитирала и младата емина јашар (ти ви), „донесувајќи на сцената квалитети за кои раководството на театарот во иднина треба да пројави поголемо интересирање“.

Во текот на 1966 година, просечниот број вработени работници варирал од нај - малку 48 до најмногу 53. последниот број е состојбата на 31.12.1966 година. во по - четокот на 1966 година било пристапено кон адаптација на долната сала во новиот работнички дом, а за потребите на театарот. адаптацијата ја извршило прет при - јатието „јавор“ од скопје. при крајот на 1966 година советот назначил двајца артисти, еден перикер-гри- мер, еден дрводелец за обработка декор, еден сликар-изведувач. останало во 1967 година да се зголеми бројот на артисти за двете драми како и бројот на суфлери, инспициент, лектори и други. во адаптираниот салон сцената била со мали димензии. Десната страна на сало- нот била застаклена површина, така што морало да се затемнува со завеси. ви си - ната на сцената била 4 метри, а отворот на порталот висок 3,5 метри и широк 7,35 метри. во склоп на сцената се наоѓале само две гримиорни и една мала репети- циона просторија за проби „на маса“. обата ансамбла имале заедничка дирекција и технички служби (со три работилници), дрводелска, шивачка и сликарско ателје. во текот на годината, според, статистичките податоци кои се веродостојни, одиг- рани се: „Златно јајце“ – 27 претстави со 9110 гледачи; „нита“– 2 претстави во скоп је со 750 гледачи и 19 на гостување со 4.577 гледачи; „коштана“– 6 претстави со 1.750 гледачи; „вистината е мртва“– 1 претстава во скопје со 300 гледачи и 2 на гостување со 780 гледачи; „крвави свадби“ – 3 претстави во скопје со 800 гледачи и 2 на госту-вање со 780 гледачи; „Мртвите не плаќаат данок“ – 9 претстави во скопје со 1.703 гле- дачи и 2 на гостување со 750 гледачи; „Дванаесетта ноќ“ – 4 претстави со 649 гледачи; „украдениот принц“ – 13 претстави во скопје со 2.396 гледачи и 8 на гостување со 1.771 гледач; „сопружници“ – 1 претстава во скопје со 212 гледачи и 8 на гостување со 1.501 гледачи; „насилникот од торез“ – 1 претстава со 210 гледачи.

Во текот на 1967 година во театарот биле вработени 52 работника, од кои во албанската (тогашна Шиптарска) драма 13, во турската 13, во техничката служба 14 и во општиот сектор, заедно се режисерите, 12 работника. театарот претставите ги прикажува во приспособен салон на работничкиот дом. управата, односно оп - штиот сектор и работилниците се сместени во бараки, додека магацинскиот прос - тор се наоѓал во Момин поток под хангари. од ова се гледа дека театарот функ цио- нирал на три локации, прилично оддалечени една од друга. во составот на драмите имало вкупно 26 члена, плус двајца режисери кои, спо- ред статутот на театарот, работеле и дејствувале како посебни единки, а во послед- но време имале и свои раководители на драми; за наредната година се зазел став и финансирањето да се евидентира по работни единици. во предлог-програмата за работа во 1967 година било предвидено да се прика- жат 12 премиери, по 6 секоја драма, и да се одржат 110 претстави, од кои 70 ал - банската (тогашна Шиптарска) драма и 40 турската во градското подрачје. во 1967 година реализирани се 141 претстава со 28.950 посетители сметајќи ги градот, републикава, косово и нр Бугарија, со просек по 205 посетители на секоја претстава:

Во скопје и во неговото подрачје биле прикажани 98 претстави со 12.177 гледа- чи; во ср Македонија – 22 претстави со 7.974 гледачи; во косово – 4 претстави со 1.500 гледачи; и во нр Бугарија – 17 претстави со 6.600 гледачи. во Македонија и во косово гостувал естрадниот театар од нр Бугарија крџали, кој прикажал 13 претстави со 5.900 посетители, а публиката не е пресметана во гор- ните показатели. естрадниот театар од крџали гостувал со две претстави, и тоа со: „естрадна програма на песни и танци“, како и со оперетата „ако не таа, другата“, од 6 до 19 септември. во скопје биле 2 претстави со 500 посетители, во приштина две, како и во призрен, со по 100 посетители во секој град. Биле посетени и: косовска Митровица со две претстави и 600 гледачи, тетово со една претстава и 500 гледа- чи, Гостивар со 1 претстава и 500 гледачи, струга со 1 претстава и 400 гледачи, охрид со 1 претстава и 600 гледачи и Битола со 1 претстава и 700 гледачи. на турнејата низ нр Бугарија, театарот гостувал од 5 до 20 октомври, каде што биле прикажани 17 претстави со посетеност од 6.600 гледачи. со претставите „коштана“ од Бора станковиќ и „налани“ од неџати Џумали, театарот ги посетил градовите: Момчиловград (2 претстави со 800 гледачи), ардино (2 претстави со 600 гледачи), крумовград (2 претстави со 800 гледачи), крџали (4 претстави со 2000 гле- дачи) и по една претстава во јамбол (250 гледачи), сливен (200 гледачи), асеновград (500 гледачи), пловдив (150 гледачи), пештера (500 гледачи), Хармонли (500 гледачи) и Хасково (500 гледачи). За изградба на новиот театар била одобрена сума од 5.000.000 динари. Била оп ределена и локација во месноста Бит-пазар, склучен договор со Заводот за стан- бено и комунално стопанисување за расчистување на локацијата и стручен надзор. склучен бил и договор со проектантското претпријатие „пелагонија“ за изработка на идеен главен проект. обезбедени биле консултанти за проектот: Бојан ступица и Душан Шевиќ од Белград. премиерата на „слава или заборавениот човек“ забе- лежала убави резултати во показот на психата на главните ликови, обременета со извесна тежина: „особено во сугерирањето на тешка атмосфера на измрдани одно- си во едно семејство од повисок општествен ранг, како и во остварувањето на една театарска претстава од гледна точка на сценска професионалност, мошне допад- лива“. резултатите биле послаби во попрецизното психолошко сенчење на лико- вите. Љутви сејфула (Хирургот) задоволил во партиите во кои имало повеќе акција. Мушареф прекиќ (Жената маќеа) значителен придонес дала во сугерирањето на тешката атмосфера во семејството, како и сузана Максут (Ќерката) и Мехди Бај рак - тари (асистентот). од другите протагонисти, поуспешни биле Феми Груби (при - служникот) и селаетин Билал (Фоторепортерот). премиерната изведба поминала „под знакот на еден несомнен успех на театарот на албанската (тогашна Шип - тарска) и турската драма во оваа сезона и уште еднаш ни ги откри убавите режи- серски заложби на кемал лила“.

Во својата зазбивтаност да го надомести она што го загуби поради адаптацијата на салонот, турската драма ја прикажа „Џафербеговица“ од расим Филиповиќ. тоа е четврта премиера во еден релативно мошне краток период. пиесата била повла- дување на дел од публиката навикната на мелодрама и фолклор. тоа е сценска илуст рација на песната „откако је Бања лука постала“, во која се пее за младата и убава вдовица на Џафер бег чија рака ја запросува дури и сараевскиот кадија, но таа го одбила и го зела бањалучкиот бекрија. поинтересно остварување кое се издвојувало било она на Љутви сејфула (Мејди ага), кој со Џемаил Максут во слич- на улога „внесуваше најмногу живост на сцената“. од другите улоги позабележли- ви биле оние на Махмут рамадан и Феми Груби „кој внесуваше најмногу драматич- ност во претставата. сценографијата на сегашната сцена во работничкиот дом, во кој привремено работи театарот, ’дејствуваше прилично тесно’. режисер на пре- тставата е Шерафетин неби“.

Пиесата „налани“ претставува „весела сценска игра од животот на современото турско село, која се наоѓа некаде на средината меѓу комедијата и фарсата. во неа заплетот е умешно сочинет, особено во првиот дел, некои појави од турскиот бит кои во делото стојат повеќе како доказ на една ситуација одошто како критика“. но, сепак, комедиографските елементи доминирале над фарсичните. режисерот кемал лила го поставил делото како весела сценска игра, со цел да развесели и засмее. тоа го направил преку солидно конципирани ликови: „стили- зирана и прецизно изведена сценографија и колоритни костими. селскиот анадол- ски жаргон, применет само во акцентацијата на фразата како и во присуството на кларинетистот пред почетокот на секој чин, внесувале определена атмосфера. Забелешка се прави за извесна недоследност во стилот оти режијата немала довол- но смелост фарсата да ја примени во позначајна мера, така што делото претежно си останува како комедија во која одвреме навреме мешале фарсични елементи. од артистичкиот ансамбл, се издвојувале Љутви сејфула (селски кмет) и Му ша - реф прекиќ (вдовицата), потоа незакет али (есма), сузана Максут (сехер). сим - патични улоги оствариле салаетин Билал (осман), Мехди Бајрактари (али) и Џема -ил Максут (омер). како кларинетист се појавил Феми Груби. комедијата „налани“ на турската сцена „претставува една солидно изведена претстава, навистина без  пого-леми претензии, но во секој случај пријатна за гледање“.

Естрадниот состав на турското население при Драматичен театар – крџали (нр Бугарија), во времето од 15 до 27 септември, прикажал претстави во: призрен, приштина, косовска Митровица, тетово, Гостивар, струга, охрид и Битола. Гостите ја прикажувале претставата „ако не таа, друга“ од узеир Хаџибеков, естраден спек- такл на турски песни и танци, а во режија на Мустафа алиев. естрадниот спектакл на турски танци и песни во режија на Мустафа алиев пре- тставувал пријатно изненадување и освежување за нашата публика. турската драма со претставите „коштана“ и „налани“ се вратила од турнејата во Бугарија. Шеснаесет претстави биле прикажани во крџали, крумовград, Момчиловград, пештера, пловдив, асеновград, ардино, јамбол, сливен, Хармонли и Хасково, кои доживеале голем успех и вонредно добар прием кај публиката на сите сцени на кои биле изведувани. носителите на главните улоги во „коштана“ незакет али, Љутви сејфула, рамадан Махмут, Мушареф прекиќ, Мехди Бајрактари и Шерафедин неби и во „налани“ незакет али, сузана Максут, Мушареф прекиќ, салаетин Билал, Мехди Бајрактари, Љутви сејфула и Џемаил Максут на сите пре- тстави ја добиле неподелената симпатија на публиката, додека кемал лила се вра-тил со пофалби за режијата. театарот заминал на гостување во нр Бугарија на 5.10.1967 година.
по премиерата на „оскар“ од клод Мание, требало да биде прикажана премие- рата на „славеј“, трета премиера во сезоната. всушност, „славеј“ (во изведба на тур - ската драма) бил премиерно прикажан на 6.11. во режија на Мирко стефановски, а носители на главните улоги биле рамадан Махмут, Мејди Бајрактари, Љутви сејфула, Џемаил Максут, Шерафетдин неби, салаетин Билал, енвер Беџети, сузана Максут и незакет али.

Театарот во текот на 1967 година во скопје и во градското подрачје прикажал 98 претстави на кои присуствувале 12.177 посетители; низ републикава – 22 пре- тстави со 7.974 посетители; во косово – 4 претстави со 1.500 посетители; во нр Бугарија – 17 претстави со 6.600 посетители. артистичкиот ансамбл мошне совесно и успешно ги остварил задачите и при-кажал претстава („сомнително лице“) прилично изедначена и сценски мошне доте-рана, иако на моменти се претерувало во гегот и стремежот за комика. се изд во ју -вале Љутви сејфула (јеротие), сузана Максут (Марица), рамадан Махмут (Жика) и Зија Бериша (јосо), какои и Шерафетин неби (Жуниќ).
Љутви сејфула постигнал најзначајно остварување, иако секогаш пред себе го имал јеротие на петре прличко. тој бездруго заслужува мошне висока оцена. саша Маркус ја поставил детската пиеса „Мешлото, видлестиот и Долгавецот“, во декор и костими на семожни стилови од рококо фризури до битлс перики, од селс- ка шубара до фармерки. вештерката наместо метла има правосмукалка и во својот стан има слика од пикасо. во музичкиот фон се слуша музика од оперите „кар мен“ и „риголето“. претставата ја подготвуваат и турската и албанската драма и актерите се избирани со слична физичка конституција за да не се шијат повеќе костими. тоа е приказна за тројца добродушни луѓе, маѓосница и девојка која на крајот ќе биде спа- сена од магијата. како и кај сите приказни, доброто го победува злото. театарот на народностите на репертоарен план направил уште еден сериозен потфат поставувајќи ја пиесата „сите мои синови“. тоа било убава ориентација, зошто тоа претставувало чекор со две значајни компоненти „од една страна, да се задово-лува и да се подига вкусот на публиката, а од друга да се проверуваат вистинските вредности на артистичкиот и другиот ансамбл на театарот“. Мирко стефановски е познат „како приврзаник на едно нагласено и сфаќање за ангажиран театар“. тој настојувал да извлече што повеќе од артистичката носивост на носителите на улоги- те и да оствари претстава во која ќе се почувствува современа америка, но и која ќе претставува обвинување против оние на кои бизнисот им е поважен, често и од животот на луѓето. артистичката екипа дисциплинирано ја следела таа насока и вло- жувала максимум напори за да се справи што поуспешно со текстот кон кој сите се однесувале со голем респект. „токму таквиот однос донесе резултати што во некои пунктови беа и над она што претставува просек во овој театар“. улогата на рамадан Махмут (Џое келер) претставувала несомнен успех и едно од поуспешните остварувања. посебно истакнување заслужувала и Мејди Бајрактари (крис келер).

На 18 мај во турција, во анкара, театарот ја прикажал првата претстава „налани“ од современиот турски писател неџати Џумали. покрај големиот број јавни и кул- турни работници, претставата во салонот на државниот театар ја гледале повеќе сенатори, народни пратеници, како и доселеници од нашата земја. на Фестивалот присуствувале и претседателот на големото собрание на турција Ферух Бозбејли, Министерот за информации и туризам куршаг, поранешниот претседател на тур - ци ја инени и други. присутен на претставата бил и југословенскиот амбасадор во тур ција Милич Бугарчиќ. публиката со голем интерес ја следела претставата, позд - равувајќи ги артистите повеќепати со аплауз. југословенскиот амбасадор во сво ја - та резиденција приредил прием за голем број најистакнати претставници на оп - штест вениот живот на анкара. ансамблот го посетил Мавзолејот на кемал ататурк и положил венец. скопските уметници го посетиле и турското министерство за надворешни работи, а попладнето државниот театар од анкара, во чест на своите гости, ја прикажал пиесата „Хенрих 4“ од луиџи пирандело, по што директорот при-редил коктел. на претставата и на приемот бил министерот за надворешни работи на турција Чалајангил. на 19 мај била прикажана и втората претстава – „сомни - телно лице“ од Бранислав нушиќ, а утредента заминувале за измир, исто така да прикажат две претстави. само весникот „улус“ објавил кратка белешка за гостува- њето, посебно подвлекувајќи ја успешната претстава, како и големиот интерес што таа го предизвикала.

Ттурнејата на театарот траела 15 дена. по анкара, претставите „налани“ и „сом - ни телно лице“ биле прикажани во измир, Бурса и во истанбул. Министерот за над-ворешни работи за гостите приредил ручек во репрезентативниот хотел на Босфор „тарабија“, а нашиот конзул во истанбул приредил коктел. прием во чест на  теа та - рот од скопје приредил и валијата на Бурса, со поддршка на Министерството за над ворешни работи. Гостувањето било во рамките на југословенско-турската кон- венција за културна соработка, а членовите на оваа Драма првпат гостувале во својата матица – република турција.

Анкарскиот весник „ватан“ посебно ја нагласил успешната режиска концепција на кемал лила за поставувањето на „налани“, а им оддал признание на артистите за успешно извршената задача, како и за чистотата на јазикот. во почетокот на идната сезона, анкарскиот Државен театар ќе му ја врати посетата на театарот на народ- ностите и покрај во скопје ќе гостува и во охрид, Битола, Гостивар, тетово, приш - тина и призрен со претставите „Магбет“ и „лудиот ибраим“. како последна премиера во оваа сезона турската драма ја прикажала коме- дијата на карло Голдони „итра вдовица“. режисерот саша Маркус одел комедијата да претставува спој на лесна и комична игра, „со елементи што ќе значат поцврсто и поосмислено определување како на ликовите во пиесата, така и на ситуациите
помеѓу нив“. иако ова создава впечаток на неизедначеност во стилот на претставата, што е точно, но е и причина претставата да тече поживо и поинтересно. незакет али (розаура) внесува воздржаност и „природен шарм“. Љутви сејфула (арлекин) играл нашински, „љутвиевски забавувач“ со балкански фолклор. сузан Максут (Марионет) имала најсолидно артистичко остварување во претставата. Мушареф прекиќ (елеонора) била „мошне успешна и необично ефектна“. Мајди Бајрактари (рунбив) го предал ликот со чувство за сценска мерка и разбирање, така што тој „беше еден од најјасно конципираните и мошне сигурно извајаните ликови“. со здржаност и ненаметливост го толкувал ликот и салаетин Билал (неро).

На 17 септември со претставата „Хенри 4“ од луиџи пирандело, во салонот на Мнт, артистите од Државниот театар од анкара ја започнале својата турнеја, при што се претставиле и пред публиката во Битола, охрид, приштина, призрен и Белград. театарот бил гостин на турската драма. поделени во две групи, ја прика- жале и драмата „Гозба во кафеаната“од сабахатин кудрет аксал. во „Хенри 4“, во режија на гостинот од италија Маурицио скапарло, главната улога ја толкувал денес најголемиот турски драмски актер Џунеј Ѓокчер. на гос ту- ва њата во повеќе европски земји, Гекчер има добиено значајни пофалби од рецен- зентите на многу весници. претставата „Гозба во кафеана“ ја поставил Мелек екте. Двете претстави било планирано да се прикажат во скопје и во приштина, а во дру- гите градови по една. турнејата завршила на 28 септември со претставата „Гозба во кафеана“ во скопје. Генералниот конзул на турција во скопје г-дин осман Башман со сопругата во хотелот „Метропол“ приредил прием по повод гостувањето на Државниот театар од анкара. театарот ја одбележал 100-годишнината од раѓањето на пирандело со премиерната изведба на „Хенри 4“. Младиот италијански режисер Маурицио ска -по ри и сценографот роберто Франко на претставата и` дале современ призвук од ас пект „на најновите светски животни сфаќања и манифестации“. Џунеет Ѓокшер на улогата и` дал креативен приод и сензибилитет, во доловувањето, дури и на нави-дум и неважни манифестации на бившиот лудак, кој под маската на императорот ја извршува правдата со убиството на соперникот, за да ја игра потоа пак улогата на луд. Џунеет Гекчер „трагикомичната личност на Хенри 4 ја издигнува до совршена креација, достојна само за ретки сценски уметници“. во целост имавме импресив- на средба со Државниот театар од анкара, во очекување на втората претстава „Гозба во кафеана“.

Со претставата „Гозба во кафеана“, одржана на 27 и 28 септември, завршило првото гостување на турскиот државен театар од анкара. пиесата била современа камерна фарса во која се прикажани перипетиите на двајца млади за чие зближу- вање е потребен посредник, во случајот келнерот во кафеаната. пиесата има жив хумор со разновидни пресврти на кои им недостига смелост за да ги искажат свои- те чувства. на крајот сè се средува и љубовта ќе триумфира. режисерот Мелек окте создал стилски чиста претстава со мошне инвентивни мизансценски решенија, со рафален ритам-дијалог, при што артистите демонстрира- ле висока техника на говорот. тој ја градел претставата со прецизност, со „дискретна стилизираност на ликовите и со развиено чувство за суптилен хумор, во резултат на што се дојде до тоа претставата да изгледа чисто и ненаметливо“. Муарем еси (келнер) „успеа главно успешно да се справи со својата задача“. Ѓулѓун кутлу (Жената) „со многу умешност и сценски шарм ни се претстави како актерка со сериозни креа- тивни можности“. керим авшар (Мажот) „може да се смета како најцелосно оствару- вање на оваа претстава. неговиот лик, дискретно стилизиран, а донесен преку една жива и пластична игра, дејствуваше сочно и приемливо“ авшар се претставил како комплетен актер со „брилијантна дикција и смисла за висококвалитетен хумор“.

На сцената на турската драма, по комедијата „налани“ од турскиот писател неџати Џумали, била прикажана и премиерата на „скали“ од назим куршунлу, турски писател, а во режија на кемал лила. „скали“ се свртени кон социјалните проб - леми, осуда на неправдите што се прават спрема малиот човек во денешна турција. се говори за напорите на еден пензионер да го оствари сонот во стари денови да има свој стан. сонот нема да се оствари поради друг човек кој немилосрдно се искачува на општествените скалила. се добива впечаток дека „скали“, како и „налани“, е скромно сценско дело, „чие значење би требало да се бара пред сè како запознавање со современите текови во турската драматургија, особено во комедиографската, како и со начинот на кој во современа турција се третираат некои општествени проблеми од страна на тур- ските литерати“.

Режисерот кемал лила настојувал да оствари чиста претстава со тежиште врз комедиографските елементи на текстот. во настојувањето како да застанал на пол- пат, повлечен од социјалниот аспект на комедијата, па се добива впечаток на хете-рогеност, на наизменично менување на комедијата со сентиментална трагика на старите Хамди и Шефика. Љутви сејфула (Хамди) ја толкувал улогата во препознатлив манир, не „нас то ју - вајќи многу да внесе некои понови елементи во својот артистички израз“. незакет али (Шефика) „внесуваше убава доза на непосредна искреност поради што играше мошне уверливо на сцената“. Мејди Бајрактари, како бескрупулозниот али со стре- меж на остварување на мошне јасно конципиран лик. во другите улоги настапиле салаетин Билал, сузан Максут, Шерафетин неби, Феми Груби и енвер Бехчет.

Во најновата и последна премиера за оваа година на турската драма – „Череп“ од назим Хикмет, режисерот кемал лила во разговор со новинарот вели дека дејството на драмата се случува во триесеттите години. претставата ја гради со сти-лизирана концепција, ја акцентира хуманоста кај луѓето. еден лекар открил лек против туберкулозата, но определени луѓе не ја прифаќаат новината затоа што напредокот за нив значи загрозување на нивните интереси. лекарот умира, но неговото дело останува. во претставата учествувале Љутви сејфула, Шерафетин неби, Мушареф прекиќ, сузан Максут, Џемаил Максут, салаетин Билал, Мејди Бајрактари, незакет али, рамадан Махмуд, Феми Груби, енвер Беџет и јилдиз ајредин. сценограф на „Череп“ бил панче Минов, кој неодамна на оваа сцена за „виулица“ ја направи својата прва сценографија.

Турската драма во 1968 година гостувала со претставата „скали“ во Битола (18.11) пред 150 гледачи, во ресен (19.11.) пред 120 гледачи, во Гостивар (22.11.) пред 130 гледачи, во тетово (23.11.) пред 100 гледачи и со претставата „Хајди“ во Битола на 18.11. пред 320 гледачи, во ресен на 19.11. пред 350 гледачи, во врапчиште на 21.11. пред 200 гледачи, во Гостивар на 22.11. пред 400 гледачи и во тетово на 23.11. пред 200 гледачи.

пред крајот на 1968 година турската драма на театарот на народностите пре-миерно ја извел „Череп“ од назим Хикмет, по „Чудак“ и „слава“ од претходните години. Хикмет и во оваа пиеса пред сè е поет кој го интересираат социјалните про- блеми. иако има мелодрамски елементи, претставата била прикажана во сосема прифатлив облик. „тоа беше претстава солидно градена што се одликуваше со убав ритам, претстава која особено во првиот дел имаше завиден професионален шарм. Мрежата што се плетеше околу трагичната судбина на професорот и сцените во паркот и кафезот беа највредните достигања во претставата.“ Љутви сејфула (д-р Далбанеза) со подискретни средства го доловил ликот „па дури и во моментите на најголема психолошка напнатост, што придонесе неговата трагична судбина да изгледа поуверливо, како и за тоа поетичните моменти од текстот да бидат повеќе зачувани“. со дискретна игра се одликувале и сузана Максут (ќерката на докторот), рамадан Махмут (педро) како и салаетин Билал и Мехди Мајрактари. перфектна била незакет али (вратарка), а значајно остварување имала Мушареф прекиќ. Забележлив бил и придонесот на Шерафетин неби (наумничавиот човек).

„Отуѓени“ („јабанџилар“) е модерно сценско дело, драматизирана поезија или сценска поезија во проза. тоа се фрагменти земени од секојдневниот живот, и тоа во една фаза од тој живот, времето кога животот меѓу мажот и жената во брачните рамки доаѓа до постојани расправии и кога обете страни копнеат за мир и разби- рање, а до тоа никогаш не доаѓа и ќе се почувствуваат туѓинци во сопствениот дом. Мажот и жената ќе се чувствуваат туѓинци и спрема својот син, студент и неговата девојка, па на некој начин текстот има карактер на судир меѓу две генерации, што уште повеќе ја зголемува оддалеченоста, како и чувството на осаменост. режисерот кемал лила има слух и смисла за вакви дела. во неговата режија немало патос, туку градење на претстава во која надворешните ефекти се потиснувани на заден план. се видела порафинирана игра на четворица артисти: Џемаил Максут и Мушареф лозана (Мажот и Жената) и Мејди Бајрактари и сузан Максут (синот и Девојката), што претставувало пријатно изненадување, како и завидно темпо, па дури и ритам. независно од сè, „првото сценско дело на илјами емин претставува сериозен обид да се пишува кај нас на помодерен начин за потребите на театарот. не треба да се испушти од вид дека во тој обид се постигнати и резултати што заслу- жуваат признание и претставуваат пријатно изненадување“.

Втората премиера – „Џумбуш“ од томе арсовски, не е неговата „Бумеранг“. режисерот османли не ја гледал претставата во Драмскиот театар и се договориле со авторот да изменат повеќе работи. Задоволен е што авторот арсовски ги усвоил неговите сугестии и така се добил поинаков текст од оној на „Бумеранг“. За изведбата на „Џумбуш“ била додадена нова сцена, а поголемиот дел од пре- тставата се одвивал во партерот, како и на балконот што се протегал по должината на целата лева страна од салонот на театарот. таквиот простор создал можност и гледачите да станат учесници во џумбушот како пототално замислена забава. врската со театарот низ вековите режијата ја барала и во костимите во кои бил облечен хорот што ги исполнувал музичките и балетските точки. иницирањето на ромео и јулија од пештерско време до денес, со музиката на Љубомир Бранѓолица, во која покрај модерниот ритам имаше и моменти што потсетуваа на турски ориентален мелос и сценографијата на Бранко костовски која рационално го искори-сти просторот, се добила претстава чија основна цел и била да забави и разоноди. „тоа беше претстава што за турскиот театар претставува несомнен и значаен успех, која сигурно ќе наиде и на адекватен прием кај неговата публика“. сузан Максут и салаетин Билал играле мошне симпатично, а другите „покажаа прилична сигурност во вајањето комични ликови“.

Кон крајот на јуни турската драма на театарот на народностите гостувала во тузла, сараево и Мостар со претставата „Џумбуш“ од томе арсовски. првпат театарот гостувал во овие градови, каде што прикажал три претстави. „не е прв пат како се констатира дека театрите кои го негуваат јазикот и културата на нашите народности дејствуваат зачудувачки професионално. судејќи по претставата „Џумбуш“ на томе арсовски, подготвени сме да веруваме дека и турската драма е една од оние професионални театарски дружини кои не егзистираат само од потребата за просветување и културно дејствување, туку поради евидентни про- фесионални амбиции во негување на своите традиции на добар театар. турската драма од скопје има во своите редови и солидни професионалци. тоа првенстве- но се однесува на Љутви сејфула и рамадан Махмут, како и на надарените млади артисти сузан Максут и салаетин Билал“.

Режисерот Мирко стефановски по повод најновата премиера на турската драма „Човек од Марс“ од Драгутин Добричанин се раководел од две причини – да пружи пријатна забава и да навлезе подлабоко во односите на едно семејство и во нивна- та психа. тој посмело интервенирал во текстот, го ослободил од некои наивности, на делото му дал карактер на сонување и се обидел ликовите поцврсто да ги кон- ци пира. ова се покажало како оправдано, што се гледа главно во задоволувачките резултати. „тоа беше изведба пријатна за гледање и во некои свои насоки мошне интересна, пред сè поради успешното доловување на амбиентот во кој се одвива- ше претставата, дотолку повеќе што сцената не дава некои поголеми можности во тој правец. како забава, односно како поигрување на  сцена, претставата беше уба - во и чисто градена и наспроти задоцнетото поставување гледачите можеа од срце и слатко да се смеат“. За позитивниот впечаток заслужни биле и артистите. „сите тие мошне слободно се движеа во еден текст и во еден стил кој очигледно им одго- вараа. Заслугата на режијата треба да се бара и во тоа што најде мера во таа игра“.

Крум Стојанов, како гостин, ја поставил пиесата „крвави свадби“ од лорка. „оваа пиеса содржи демонска сила, која ги движи луѓето меѓу бујната страст и гордоста“. Функцијата на сосетката, девојката и слугинката е уривачкото дејство на средината. сите тие се поврзани со единствена цел – кобност. тоа е како една душа во разни тела. режисерот тука ја наоѓа идејата петте улоги да ги креира една актерка. во претставата среќно се избегнати натурализмот и мелодрамата и тоа било доволно за позитивниот впечаток. покрај ова, сериозно внимание заслужувале и артистичките креации на Мушареф лозана (Мајката) и сабина ајрула (Девојката), Мејди Бајрактари (леонардо). ликовите биле исполнети „со мошне скудни средства и без вообичаено расфрлање на сцената... и едно свесно и нагонски потиснување на липањето пред таа зла коб на човекот и смртта воопшто“. крум стојанов успеал од ансамблот да извлече „до максимум сценски сокови“. јилдиз Хајредин (Жената на леонардо) пријатно изненадила во ненаметливоста и спонтаноста, што придонеле во забележлива мерка за драматиката во претставата и во навестувањето на злата коб.