Во Турскиот Театар - Скопје: "Генерална проба на самоубиство": горчлива комедија за лагата

Како и обично културата и театарот во неа "највредни" се кон крајот на тековната година, односно во декември. Така беше и во декември 2015 кога премиери во Скопје имаше речиси една преку друга во последните помалку од десетина дена и, буквално, до претпоследната вечер на годината на заминување. Па затоа и оценките за нив сега "доцнат".

Со "Генерална проба на самоубиство" (22 декември) во Турскиот театар - Скопје заврши и годината во која се одбележаа првите 65 години од неговото формирање. 

Само еден ден пред премиерата, во "Порта Македонија" беше промовирана и монографијата "Со сигурни чекори до целта", објавена по повод јубилејот. Како исклучително значајно двојазично издание (турски и македонски јазик), на 320 страници голем формат, е распрослана меморијата на Турскиот театар, со акцент на последните пет години. Содржи текстови од 18 автори, објавени се 636 фотографии од претстави и 93 фотографии од објектот во изградба, од гостувања, награди и признанија на ансамблот... Делот на турски јазик го подготви директорот на Театарот и издавач Атила Клинче, а делот на македонски јазик Лилјана Мазова.

Извор: Приказната е за три екцентрични брата - капетан на речна пловидба, контраверзен бизнисмен и сулуд психијатар. Без оглед на тоа кој што е, вмешани се во големи "светски" работи: во трговија со луѓе и човечки органи. Самоубиствената намера е осуетена. Ковачевиќ јасно/отворено и "без влакна на јазикот" си "игра" со специфичностите на денешново време (без разлика дали е во Србија, Македонија, Балканот...), при што создава современа метонимиска слика за современиов свет. Доминантни се темните страни на транзицијата кои ги следи изведбата. 

Тој разобличен свет, во кој, сепак, сe завршува како игра, како театар, низ приказната за самоубиецот кого од таа немера го оттргнуваат оние кои го допреле дното. Значи, текстот е вивесекција на реалноста во која живееме, раскажан духовито како комедија во трагедија. 

Режијата на Билге Емин е посветена на формата и на актерската игра. Особено на тројцата браќа чии ликови се поделени/се играат, меѓу тројца добри млади актери: Селпин Керим, Осман Али и Џенап Самет. Играат процес во кој, да речеме, ниту еден пад не е конечен. Дека луѓето денес умираат парче по парче, а едно од можните добри решенија е самоубиството, ама доколку е можно. 

Недостатоците се евидентни, па и авторот Ковачевиќ и режисерката Билге Емин "ја свртуваат" приказната во театар во кој секој глумец игра по неколку лика. 

Она што и недостасува на претставата е темпото. Откако тоа се изгубило во различните ситуации (иако тоа го овозможува доследната сценографија на Тунџер), помалку се губи основното на текстот - дека е тој и комична катарза. 

Или, каков што и е поднаслов: Горчлива комедија за лагата. Острата критика на денешницата низ забавеното темпо и ја одзема динамиката на вкупно ниви, иако текстот тоа го нуди во голема количина. 

Проблем има и крајот на изведбата кој се претопува од стварноста во театар и обратно. Лудилото на/во денешниот свет на пропаднати луѓе има свој одраз и во театарот, во неговото секојдневие, наспроти општествените услови. Недообликуваното го одзема темпото, и го "покрива" и она што требало да биде битно - од побитното.


"Генерална проба на самоубиство" е уште една црна комедија на Душан Ковачевиќ, а на сцената на Турскиот театар ја постави Билге Емин. Со актерите Селпин Керим (ГЛУМЕЦ: Самоубиец и брат на Самоубиецот), Осман Али (ГЛУМЕЦ: Капетанот, Бизнисменот, Психијатарот и адвокатот), Џенап Самет (ГЛУМЕЦ: Рибарот) и Сузан Акбелге (ГЛУМИЦА: Жената). Токму вака и се создадени ликовите. Сценографијата е на М. Нурулах Тунџер, костимите се на Марија Пупучевска, музиката на Оливер Јосифовски, а кореографијата на Олга Панго. 




Приказната е за три екцентрични брата - капетан на речна пловидба, контраверзен бизнисмен и сулуд психијатар. Без оглед на тоа кој што е, вмешани се во големи "светски" работи: во трговија со луѓе и човечки органи. Самоубиствената намера е осуетена. Ковачевиќ јасно/отворено и "без влакна на јазикот" си "игра" со специфичностите на денешново време (без разлика дали е во Србија, Македонија, Балканот...), при што создава современа метонимиска слика за современиов свет. Доминантни се темните страни на транзицијата кои ги следи изведбата. 

Тој разобличен свет, во кој, сепак, сe завршува како игра, како театар, низ приказната за самоубиецот кого од таа немера го оттргнуваат оние кои го допреле дното. Значи, текстот е вивесекција на реалноста во која живееме, раскажан духовито како комедија во трагедија. 

Режијата на Билге Емин е посветена на формата и на актерската игра. Особено на тројцата браќа чии ликови се поделени/се играат, меѓу тројца добри млади актери: Селпин Керим, Осман Али и Џенап Самет. Играат процес во кој, да речеме, ниту еден пад не е конечен. Дека луѓето денес умираат парче по парче, а едно од можните добри решенија е самоубиството, ама доколку е можно. 

Недостатоците се евидентни, па и авторот Ковачевиќ и режисерката Билге Емин "ја свртуваат" приказната во театар во кој секој глумец игра по неколку лика. 

Она што и недостасува на претставата е темпото. Откако тоа се изгубило во различните ситуации (иако тоа го овозможува доследната сценографија на Тунџер), помалку се губи основното на текстот - дека е тој и комична катарза. 

Или, каков што и е поднаслов: Горчлива комедија за лагата. Острата критика на денешницата низ забавеното темпо и ја одзема динамиката на вкупно ниви, иако текстот тоа го нуди во голема количина. 

Проблем има и крајот на изведбата кој се претопува од стварноста во театар и обратно. Лудилото на/во денешниот свет на пропаднати луѓе има свој одраз и во театарот, во неговото секојдневие, наспроти општествените услови. Недообликуваното го одзема темпото, и го "покрива" и она што требало да биде битно - од побитното.

Извор: http://www.globusmagazin.com.mk/