Ја живееме радоста за јубелејот 70години постоење на НУ Турски театар Скопје.

Ја живееме радоста за јубелејот 70години постоење на НУ Турски театар Скопје.
Од срце би сакале прославата да се организира во здрави услови.Да можеме сите љубители на театарот да се собереме и оваа наша радост да ја прославиме заедно на нашата театарска сцена. За жал, овие тешки денови предизвикани од пандемијата го спречија прославувањето на 70 годишнината на начин кој му доликува на НУ Турски театар Скопје, односно на сцена со јубелејни претстави.



Како и да е, во спомен на сите театарџии кои работеле во нашиот театар низ сите овие години и придонеле за развој на турската култура во нашата земја, со сите потешкотии со кои се соочуваме, решивме годишнината да ја одбележиме преку социјалните платформи, низ слики и видео материјали. И покрај недостаток на детали за дел од стотиците одиграни претстави и нивни учесници, се потрудивме и извлековме максимум од она со кое располага нашата архива.



Горди сме што можеме да споделиме дел од минатото на нашиот театар со Вас, нашата верна публика која не’ подржуваше низ овие 70 години. Чест ни е да Ви ги презентираме основачите, доајените на нашиот театар низ видеа и слики од нашата архива.

Поврзани вести