ТУРСКИ ТЕАТАР – СКОПЈЕ: „СРЕЌНА НОВА ГОДИНА“ -САМОУНИШТУВАЊЕТО КАКО ЗАБАВА

ТУРСКИ ТЕАТАР – СКОПЈЕ:
СРЕЌНА НОВА ГОДИНА“ -САМОУНИШТУВАЊЕТО КАКО ЗАБАВА
Новата претстава „Среќна Нова година“ на репертоарот на Турски театар – Скопје ја постави режисерот Бојан Трифуновски. Како мјузикл – кабаре со актерска екипа која доследно ја следи неговата идеја, според мотиви на Даниел Хармс и Дејвид Ајвс и драматуршка обработка на Трифуновски.
Во центар е приказната на еден уметник кој истражува во секогаш – и особено сега – екслоатираното и актуелно прашање: зошто светот/луѓето сака/сакаат да се самоуништува/самоунишуваат.
Во истражувањето на темата ликовите преку свои монолози, искуства, апсурдите со кои се соочиле/одживеале, заговори низ кои поминува светот и човекот во него, креираат атмосфера која низ музика и движења во главно „колективни“ сцени, практично се личности кои покаѓуваат колку во било која ситуација секој е сам.
Симболот за „Среќна Нова“ е од насловот на еден ресторан под тоа име, во кој се работело на специфичен: со еднолична нон-стоп иста програма во текот на целото работно време денот, а секогаш пред друга публика. Уметникот и откако делумно и го остварил својот сон, живее со мечтата за/на познат пијанист, наспроти сеќавањето дека на разноразните газди кај кои заработувал нешто ситно и сакал  да им ја скрши главата, на гостите секому в очи да им каже што мисли за нив… Сето заедно како симбол на животот во кој сè им/ни се случува во „5 до 12 часот, пред Нова година“.
Сеќавањата и преиспитувањето на себеси, низ динамичната игра која за некои е потешка задача (иако во принцип станува збор за добра актерска екипа), на заедничко рамниште ја доведуваат идејата до самиот крај. Могузборната игра  музиката често ја разбива. И уште едно прашање: сè е обмислено, одиграно а сепак прашува кому и зошто.
Ликовите ги играат Селпин Керим, Фунда Ибрахим, Несрин Таир, Зубејде Али, Емине Халил, Џенап Самет, Неат Али, Аксел Мехет, Един Јакуповиќ и Берхеда Решит.
Сценографијата е на Љупчо Јованов, костимите се на Елена Вангеловска и Антолија Гугинска-Јордановска, музиката е на Ади Имери, а кореографијата на Александра Кочовска-Начева  Асистент на режијата и автор на преводот на текстот е Сибел Абдиу.
Актерската екипа во комлетниот концепт на Трифуновски – да се види/покаже/одигра одамна познатата вистина дека „човек на човек му е волк“ допадливо ја креира атмосферата. Трифуновски, како режисер и драматург следи две нивоа. Првото е самозапознавање, а второто човекова непродуктивност. Или, како тој насочува, „човекот со пијано како метафора на смртта“.
Атмосферата на сцената е симбол на еден замислен свет во кој секој потег е, практично, против себе иако, барем однадвор, е протиив другиот.
Трифуновски размислува јасно и точно. Целта е да се види пустошот што води само кон пропаст/крај. Таа насока ја поддржуваат музиката и играта со идејата за кабаретска забава која го предвидува/најавува лошиот крај.
Тој елемент е повеќе имагинативен процес во кој се тргнало и стигнало преку доминантното место на пијаното чиј пијанист порачува дека сите ќе горат во пеколот, дека ниту со вообичаената желба за „Среќна Нова“ никој никому не му  посакува мир. Со утопиското прашање кому е потребен мирот!
Иронијата низ драматуршките интервенции и режијата на Трифуновски актерите ја исцрпуваат низ играта која главно се повторува. Затоа и концептот кој е сосема конкретен бледее, а доминираат сомнителната забава и движења. Во секој случај, како процес во кој сè е во ред во основната идеја на Трифуновски, Хармс и Ајвс – третирањето на идејата зошто човекот сам се самоуништува – го отвора прашањето кому и зошто.

ЛИЛЈАНА МАЗОВА
http://globusmagazin.mk
02.02.2018