Новата зграда на НУ Турски театар - март 2017

Објектот на Турскиот Национален Театар во Скопје е замислен да функционира како културен центар за приближување и промовирање на турската култура и традиција кон секојдневниот живот на градот и државата. Затоа тој претставува комлексна целина која во себе го интегрира театарот со сродни функции како што се: галерија, мала сала, национален ресторан, културен инфо центар и слично, со цел  да се овозможи зголемен интерес за посета на објектот.
Објектот „Турскиот Национален Театар во Скопје“ е проект на Владата на Република Македонија,  преку  Министерството  за  култура  на  Република  Македонија  и институцијата Турски Национален Театар, кој се јавува како Инвеститор.

УРБАНИСТИЧКИ УСЛОВИ
Локацијата  предвидена  за  иградба  на  Турскиот  Национален  Театар  е  дел  од интегрален урбан блок кој е сместен помеѓу ул. Кузман Јосифовски Питу на северо- исток, Страшо Пинџур на југо-запад и потегот меѓу булеварите Крушевска Република, на северо-запад и Никола Карев, на југо-исток. Локацијата, според новиот ДУП, е предвидена   да   биде   високофреквентна.   Сместена   меѓу   четири   булевари,   во непосредна близина на строгото централно градско јадро, таа има реален потенцијал да прими ваков објект од јавен интерес, со потенцијал да стане културолошки фокална точка за околниот урбан простор.

Парцелата за градба на објектот на Турскиот Национален Таетар има неправилна ортогонална   форма   а   градежнаталинија,   регулационата   линија   и   линијата   на парцелата не се поклопуваат. Градежните линии се дефинирани со нумерички вредности дадени од три страни на парцелата,   кон североисток, југоисток и северозапад. Од страната на новопредвидениот булевар „Страшо Пинџур“ за кој во моментот  на   изработка   на   овој  Основен  проект  нема   податоци  за   нивелети, градежната линија е определена графички, според постоечките станбени објекти, кои се наоѓаат југоисточно и северозападно од предметната локација.
За објектот на Турскиот Национален Театар е определено да се искористи дел од целата  површина  за  градба,  кој  според Основниот  проект изнесува 2058  м2,    или
48,35% од планираните 4261 м2. Формата на графичкиот отсечок има прекршена „Г“ форма со ортогонални правци, геометриски и метрички дефинирани во графичките прилози Ситуација и Партерно решение.
Приклучоците кон градската инфраструктура се дефинирани според Согласности издадени од надлежните органи.
Колскиот и пешачкиот пристап до објектот на Турскиот Национален Театар е исклучиво од северо-источната трака на булевар “Страшо Пинџур”, со приоритетен приклучок на автомобили од правецот југоисток - северозапад.
Бидејќи пристапната сообраќајница “Страшо Пинџур” во моментот на изработка на Проектот не е изведена, пристапот до објектот ќе виде од постоечкиот паркинг на југозападната страна на локацијата.
Паркирањето  е  решено  во  границите  на  парцелата,  како  подземно  (на  второто подземно ниво на објектот, на кота -6,80м) и надземено паркирање на ниво на партер. До подземните паркинзи се доаѓа преку дефиниран пристап со влезно-излезна рампа,
 
ФОРМА
Базичната форма на објектот е определена со урбанистичките параметри изразени преку површината за градба и котата на завршниот венец. Поради набиената проектна програма, архитектонската структура во целост го исполнува зададениот габарит. Композицијата на масите, на ниво на првостепена пластика, до котата на главниот венец е разиграна само со исфрлената каскада на катовите во однос на приземјето. Петтата    фасада,    со    повлечените   поткровни    кубуси   ги   следи   функционалните одредници, кои произлегуваат од намената на објектот.
Архитектонскиот израз е пронајден во примената на современи градежни материјали кои го обвиткуваат објектот – стакло и метал, софистицирано аплицирани во форма на двојна  структурална  фасада, која е  геометриски и  колоритно третирана  со транскрипција  на елементи карактеристични за ориентот.

ФУНКЦИЈА И СОДРЖИНА
Распределбата на функционалните содржини е произлезена од намената на објектот и специфичните услови на локацијата. Функционално, објектот е решен на 7 нивоа - 5 надземни и 2 подземни. Поради ограничувачките параметри на локацијата, понудено е неконвенционално функционално решение во кое службениот и јавниот    простор сеиспреплетуваат    низ    целиот        волумен,     без      вообичаената функционална  поделба  на  блокови.  Службениот  дел  на  театарот  (просториите  за глумци и администрација), техничките простории и магацините се целосно подредени на функцијата, со логични комуникации кои ги поврзуваат по хотизонтала и вертикала. Бројот на вработени во театарот не е дефиниран со Проектната програма, но според бројот  на  канцелатии  и  други  работни  места  дефинирани  во  графичкиот  дел,  е проценет        на    35        уметници        (глумци,     режисери    и     слично),    20    вработени    во администрацијата и 35 луѓе вработени како технички персонал (кој е во функција на одржување        на        објектот    и    техниката,        припрема        и        следење        на      претставите). Планираниот број на вработени, според таа проценка, изнесува околу 90 луѓе.
Двете сали имаат вкупен капацитет од сса 450 посетители.
Ресторанот за надворешни гости има вкупен капацитет од 80 посетители.

Комуникации
Специфичните услови на локацијата и специфичната форма на габаритот, во овој случај се наоѓаат во конфликтен однос со јасно дефинираните стандардни барања на функцијата. Решението е пронајдено во преплетот на функционалните врски на интерните  содржини на театарот со патот  на  публиката,  сепарирајќи ги  дискретно преку вертикалните комуникации, притоа избегнувајќи вкрстување на патеките на движење на едните и на другите.

Публика
Централнит  хол е  интегративен елемент  на  содржините  наменети  за  публика.  Тој врзува три ката во импресивен волумен во кој доминираат скалишните каскади и го реализира јадрото на идеата на авторот за транскрипција на турското „Памук-кале“ во геометриски артикулиран архитектонски простор. Зедно со репрезентативните скали, холот гради специфичен просторен однос со содржините на објектот во кој се вткаени елементи од турската традиција, пејзажот и култура, како и односот на традицијата кон релациите отворено-затворено и внатре-надвор. Во дискретна позиција, прислонети од десна страна кон големата сцена, се наоѓаат и помошни скали за публика со мал патнички лифт, кои се наменети за лица со специјални потреби. Две скалишни вертикали, наменети за евакуација од подземните нивоа, функционално ги поврзуваат паркинзите  со  партерот.  Тие  имаат  директен  излез  кон  надвор,  но  и  можност  за пристап преку контролирана зона – едните во службениот дел, а другите во централниот хол за публика.

Персонал
Вертикалните комуникации кои ги врзуваат службените содржини, сместени се во периферните делови на габаритот. Тие ги тангираат виталните содржини во објектот и обезбедуваат движењето на глумците, сценските работници, техничкиот персонал и администрацијата да се одвива дискретно и непречено до местата на случување – сцените. Опремени се со скалишни вертикали, лифтови или теретни платформи, зависно од намената во функционалниот склоп кон кој припаѓаат. Во централниот дел за глумци, под каскадите на т.н. памук-кале“ се наоѓа една кратка скалишна вертикала која го поврзува приземјето со првиот кат, како интерна комуникација наменета за уметниците, на патот до сцената.

Сали
Објектот има две сали - Голема тетарска сала и Мала сцена.
ГОЛЕМА САЛА - капацитет од 329 места
Функционално е проектирана како сала со кубичен волумен и линеaрано поставени седишта.  Овој  тип  е  доминантен  модел  за  помали  тетарски  сали.  Правоаголната форма со партер  во  еден сегмент е одлична база за проектирање на квалитетна
акустика во сите позиции на гледалиштето. Следствено на потенцијалот на објектот да прерасне во мултимедијален и културен центар, Големата сала е функционално планирана да биде искористена (освен за примарната намена) и како аудиториум за предавања,  семинари,  прес-конференции  и  слично,  што  ќе  и  овозможи  да функционира рентабилно во текот на денот, неделата или годината. Главната сцена ја пратат задната и двете помали бочни сцени. Таа е модуларно третирана со соодветна сценска технологија и овозможува флексибилност во поставките на сценографијата. Сценската технологија која се однесува на сценскиот простор и гледалиштето се предмет на разработка во посебен проект.
МАЛА СЦЕНА - флексибилен капацитет, проценет на max. 120 места за посетители.
Со својот облик, функионалното решение и волуменската позиционираност во објектот
е  рамноправена  со  Големата  сала,  по  својата  употребна  вредност  и  практична примена. Воглавно е наменета за помали, камерни тетарски перформанси, но може да се користи и како аудиториум за предавање, семинари, прес-конференции и слично, што дава можност за рентабилно функционирање како повекенаменски простор. Опремена е со горна и долна сценска техника, со што по потреба би се менувала формата на аудиотриумот, а просторот би се прилагодувал на потребите на претставата или активностите кои ќе бидат планирани да се одвиваат во неа. Со пристапот од центрелниот хол, Малата сала е целосно независна од Големата. Ова решение дава можност двете сали да се користат истовремено. Од друга страна, распореденоста на фоајеата по нивоа, создава услови делот за публика да се најде истовремено во функција и на двете сали, без да биде загрозена нивната сепаратност во функционирањето.

Новиот Турски театар ќе има капацитет за повеќе од 450 гледачи

Идејно решение на новиот објект

Поставување на темели на новиот објект