70 години од првата одиграна претстава „Сомнително лице“ на НУ Турски театар Скопје

На денешен ден 1950та г. пред 70 години, првата официјална претстава „Сомнително лице“ беше премиерно изведена во Турски театар во Скопје. На 20 јануари 1950 година, по повод започнувањето со работа на Народниот театар на турското и албанското малцинство, е одржана Свечена церемонија на која присуствувале многу видни личности како Наум Наумовски - член на Полит-биро на ЦК КПМ, Реис Шакири – министер во Владата на НРМ, Кемал Сејфула – член на Извршен одбор на НОФ во Македонија и др. Малцинскиот театар, всушност, бил формиран есента 1949 година.Актерскиот ансамбл бил формиран од културно-уметничките друштва „Јени Јол“ и „Емин Дураку“. Абдуш Хусеин бил назначен за директор на театарот, кој во тоа време броел вкупно 25 вработени, од кои 19 уметници, 3 технички персонал и 3 лица во администрацијата. Веднаш по формирањето на театарот за квалификување на кадрите биле организирани курсеви и обуки. Преку вакви курсеви и обуки уметниците се стекнале со театарско искуство и го изучувале литературниот турски јазик.  Од 9 јули 1950 година до 10 февруари 1951 година, Турскиот театарски ансамбл одиграл вкупно  20 претстави во различни градови и села низ Македонија, Битола, Охрид, Прилеп, Ресен, Велес, Штип, проследени 4.790 гледачи.

Сомнитело Лице 1950
Автор : Бранислав Нушиќ
Превод : Шефки Махмуд
Режисер : Aбдуш Хусеин
Актери:
Жика - Екрем Зекирија; Бехич Садулах
Ѓоко - Фикрет Демир
Чорбаџи Миладин - Зија Беќир
Јеротие Пантиќ - Шефки Махмуд
Анѓа - Јлдз Ахмед
Марица - Суна Махмут
Виќа - Сеза Окчоглу
Таса - Муса Халим
Милисав - Шерафетин Неби
Алекса Јуниќ - Абдуш Хусеин
Јосо - Фаик Хасан

Поврзани вести