Според П.Квилтер, Н.Мартин, Џ.Коган, Б.Крајчевска, Д.Милошевска - Попова
Режија: Драгана Милошевска – Попова
Автор и драматург: Билјана Крајчевска
Превод : Билге Емин
Сценографија: Татјана Блажевска -Христоска
Костимографија: Розе Трајческа – Ристевска
Композитор : Ирена Поповиќ – Драговиќ
Кореограф: Игор Киров
Вокал - коуч: Гонца Богоромова Краповски
Корепетитор: Зоран Станишиќ
Играат:
Бедија Беговска – Флоренс Фостер Џенкинс
Џенап Самет – нараторот Ерл Вилсон, новинар и музички критичар, Артуро Тосканини, Карло Едвардс и Доктор Херман
Селпин Керим- Сент Клер Бејфилд (сопругот на Флоренс, нејзин менаџер и актер)
Јеткин Сезаир – Козме Мекмун (пијанист и корепетитор на Флоренс)
Ебру Мусли – Кетрин Ведерли ( актерка - девојка на Бејфилд, Лили Понс -оперска пејачка и Девојката од публиката)
Инспициент: Ердинч Рушид
Суфлер: Нериман Шенгулер
Организатор: Мухамед Бакиовски
Директор: Несрин Таир
Сценска техника: Зекирија Абди, Мехмет Исмаил, Суат Рахман, Џенгиз Халил,
Изудин Беговиќ, Булент Хасан
Cветло : Орхан Мехмет
Инженер на светло: Беќир Кубур
Тон: Емрах Џемаили
Реквизита: Танкут Ибрахим
Гардероба: Муаља Салихи
Шминка: Севиме Ќерим
Шивач:Рахметула Ахмед
Проектот е финансиран од Министерството за култура на Р.С. Македонија
Продукција – НУ Турски Театар, 24 февруари 2021
Навикнати сме да слушаме приказни и бајки.
Навикнати сме немоќно да ги подигаме рамењата, прашувајќи што сѐ и дали воопшто можеме да направиме нешто за она што се случува околу нас.
Затоа решивме да ја раскажеме приказната за Славната Флоренс која што се случува во далечната 1944 г. во Америка на начин на којшто нѐ асоцира денешницава.
Но, ќе ви дозволиме, самите вие, да го измечтаете крајот.
Драгана Милошевска – Попова, режисерка
* * *
Несомнено дека веднаш ќе ја засакате оваа симпатична, богата и ексцентрична госпоѓа од Њујорк од почетокот на 20 век, и покрај тоа што таа, славната Флоренс Фостер Џенкинс е жена којашто е врзана за реалноста онолку колку што ѝ е потребно, а од друга страна си живее во заблуда дека нејзиното музицирање коешто ги „пара ушите“ е еднакво убаво како она на оперска пејачка што ги изведува „Валкирите“.
За волја на вистината, нејзината љубов спрема музиката е посилна од талентот, па така таа со „помош и влог“ на сите околу неа (сопругот, пијанистот, па дури и љубовницата на нејзиниот маж, истакнати диригенти и учители по пеење) кариерата ѝ достигнува до кулминација – Флоренс Фостер Џенкинс настапува во Карнеги хол.
Дали во оваа трагикомедија, „гласот на вистината“ ја прераскажува приказната за Флоренс како симпатично олицетворение на сите оние чиј копнеж за уметноста е спротивен од нивниот реален талент или.... Или дали сите ние, сведочејќи за сѐ она што се случува, ќе продолжиме ли само да ѕенѕаме и да се надеваме само на подмитената критика да ја спречи или остави неспособноста „ да цвета“...Ах, бре, зарем уметноста не нѐ научи како да гледаме „надвор од неа“? Зарем уметноста не е отпор?
Билјана Крајчевска, драматург