ЦРНИ ДЕВИЦИ

Според „Црни девици“ на Феридун Заимоглу и Гинтер Зенкел, 
„Источно западниот диван“ на Ј.В. Гете, „Гете и исламот“ на Катерина Момсен
и Куранот

Режија и адаптација: Бесфорт Идризи
Кореографија: Кренаре Невзати – Кери
Костими: Розе Трајческа Ристовска
Музика: Џенгис Ибрахим
Снимател: Бесфорт Имами
Видео монтажа: Бетим Зеќири​

Играат (по редослед на појавување):
Селпин Керим
Осман Али
Хакан Даци
Јеткин Сезаир
Инес Радончиќ
Емине Халил
Ебру Мусли
Филиз Ахмет

Неат Али и Слаѓана Вујошевиќ (во видео)



Испициент: Ердинч Рушид
Организатор: Шенхан Зекир
 
Директор: Несрин Таир
 
Шеф на декоратери: Зекирија Абди
Декоратери: Изудин Беговиќ, Мехмет Исмаил, Суад Рахман, Џенгиз Халил, Булент Хасан
Cветло мајстор: Орхан Мехмет
Cветло оператор:  Беќир Кубур
Тон: Емрах Џемаил 
Реквизита: Танкут Ибрахим
Гардероба: Муаља Салихи, Мухамед Бакиовски
Шминка: Севим Ќерим

Проектот е финансиран од Министерството за култура на С.Р. Македонија 
Продукција  – НУ Турски Театар, 21 ноември 2020


Претставата „Црни девици“ се осврнува на позицијата на муслиманите во 21-виот век, со посебен акцент на жените, односно нео-муслиманките во Германија, Европа, но и ширум светот. 
Драмата на Заимоглу и Зенкел е заснована врз 30 снимени интервјуа и лични сведоштва на различни жени нео-муслиманки и според авторот се занимава со "малцинство во малцинство во малцинство" со кое тој укажува дека дури и ортодоксните муслимани во Германија (Европа) се релативно ретки. Ултраортодоксните претставуваат уште помала група во рамките на ова малцинство.
Текстот не говори ниту за, ниту со, муслиманските жени, туку тие самите ги кажуваат своите приказни. И немаат влакна на јазик кога зборат за теми како вера, чест, срам, џихад или исламофобија. Тие не се грижат да ги поштедат Германците (европејците) или муслиманите со својот гнев кон општествениот систем и со нивните критики кон конвенционалниот морал. Нео-муслиманските жени на Заимоглу се зли, проблематични и опкружени со контрадикторности. Но, овие квалитети се тие што ги прават реални, живи и вистинити. Тие со својот исламо-феминизaм им даваат нов импулс на еманципацијата и на феминизмот.
Додека преку текстовите од „Источно-западниот диван“ на Ј.В. Гете и исечоците од „Гете и исламот“ на Катерина Момсен се осврнува кон предрасудите, неинформираноста, дезинформираноста и пропагандата во врска со исламот кои се присутни во западниот свет истакнувајќи ја во значителна мера противречноста и двојниот стандард на западните вредности, т.е. вредностите на западњаците. Додека, преку исечосите од Куранот, се разбиваат токму истиве појави произлезени најчесто од неинформираност како меѓу исламофобите, така и меѓу останатите, вклучувајќи ги и самите муслимани.
Естетски претставата се обидува да ги заживее, за жал веќе изумрените турско-исламкси видови на театар, особено Орта ојуну (во буквален превод – игра во средина) и Медасите (попознати како актери раскажувачи). Затоа „Црни девици“ претставува истражување како во однос на позицијата на муслиманите денес, така и во однос на исламските форми на театар и еден театарски експеримент за нивната можна актуелизација во денешно време.

Бесфорт Идризи


 

Од медиумите

Слики од претставата