ДЕВОЈЧЕТО СО КИБРИТЧИЊАТА

Ханс  Кристијан  АНДЕРСЕН

Режија: Емине ХАЛИЛ

Улогите ги толкуваат:

АНДЕРСЕН: Хакан ДАЦИ
ДЕВОЈЧЕТО СО КИБРИТЧИЊАТА: Емине ХАЛИЛ
ВИКТОРИЈА, ЛУСИ, КОКОШКА: Сара ЈУСУФ
ЕМА, КОКОШКА: Жале ОСМАНИ
ОСКАР: Бурак РАХМАН
ЕЛИАС: Метин ИБРАХИМ
ОЛИВЕР, ДЕБЕЛИОТ, ФРЕДЕРИК: Озел АСАНОВ
БАБА, КУЧЕ, КОКОШКА: Слаѓана ВУЈОШЕВИЌ
ДЕВОЈЧЕТО СО КИБРИТЧИЊАТА-II: Жале ОСМАНИ
АЛФРЕД: Едис МУСИЌ


Детско-младинската претстава

Реализација НУ Турски театар, 15 јануари 2020


Живот. Животот како сон. Живееме живот во кој сé помалку се грижиме за туѓите проблеми, туѓи велиме бидејќи сме насочени само на себе, ги занемаруваме животите на другите со тоа што се ставаме себе си во преден план. Веќе многу ретко се наоѓа човек кој е подготвен да слуша, да сподели, да сочувствува. Улиците се преполни со луѓе кои постојано брзаат. Живот во трчање. Живот без магија. Како растеме така се намалува желбата за магија. Ја заборавивме магијата која постои во секој од нас. Магијата која може да ја најдеме секаде околу нас. Магијата која можеме да ја створиме кога и да посакаме. Магично исчезнува емпатијата од нашите животи. Понекогаш е доволно да се запали само едно чкорче за да ни се исполни сонот, сонот магија, сонот живот. Ве молам застанете и замислете си желба.
Емине ХАЛИЛ
 

Од медиумите

Слики од претставата