Пеги Пикит го гледа лицето на бог

Роланд ШИМЕЛФЕНИНГ

Автор: Роланд ШИМЕЛФЕНИНГ
Превод: Јуџел ЕРТЕН  
Режија: Ивана АНГЕЛОВСКА 
Драматург и асистент на режија: Ивана НЕЛКОВСКА
Сценограф: Дарко РИСТЕВСКИ
Костимограф: Марта ТРЕНДАФИЛОВА

Улогите ги толкуваат: 
ЛИЗ: Несрин ТАИР
ФРАНК: Осман АЛИ
МАРТИН: Ерман ШАБАН
КАРЕН: Сузан АКБЕЛГЕ

Испициент : Рамадан ИБРАХИМ, Ердинч РУШИД
Организатор : Мухамед БАКИОВСКИ

Директор : Атила КЛИНЧЕ 

Шеф на сцена : Зекирја АБДИ
Декоратери: Мемет ИСМАИЛ, Суад РАХМАН, Џенгиз ХАЛИЛ, Џелал ЉУЖА, Африм РУСТЕМИ, Сулејман БРАХИМИ, Џанер МУСИЌ, Алмир ЛИМА, Ремзи АЛИЛИ, Изудин БЕГОВИЌ, Булент ХАСАН
Тон: Фахредин БУШИ, Левент ИБРАХИМ
Cветло: Орхан МЕХМЕД, Бекир КУБУР
Реквизита: Танкут ИБРАХИМ
Гардероба: Муаља САЛИХИ, Аднан РЕЏЕП
Шминка:  Авди БИЛАЛ, Нора ПИТАРКА        
Изработка на декор:  Нури ИСМАИЛ
Изработка на костими: Керим ЕТЕМИ, Хулија РУСТЕМИ, 

Проектот е финансиран од Министерството за култура на
Р. Македонија
Продукција  – НУ Турски Театар, мај, 2016

“Пеги Пикит го гледа лицето на Бог” на Роланд Шимелфенинг e напишана како дел од Афричката трилогија во која како автори се појавуваат тројца писатели од различни континенти и кои од своја лична перспектива пишуваат за тоа како општеството во кое живеат го перцепира проблемот на Африка. 
Овој глобален проблем е пренесен преку интимните стории на два брачни пара најблиски пријатели кои се разделуваат пред 6 години поради избор на дијаметрално различни животни правци. Ова драмско дело ја отсликува шизофренијата на понудените можности, преиспитувањето за сопствените избори и воопшто дезориентираноста на современиот човек која води до постојано незадоволство за избраниот живот.
Дали е наша должност да превземеме нешто кога ќе дознаеме дека некој е во животна опасност? Токму околку оваа дилема осцилира целата драма за на крај да се соочиме со тоа дека секој мора сам да го пронајде одговорот.

Ивана АНГЕЛОВСКА
Тодор КУЗМАНОВ
МАКЕДОНСКО РАДИО

ДВА СВЕТА

удобен салон
светол и чист
два брачни пара
два света
нивниот дијалог е мачен
во салонот се распостила тегобноста
Африка – мизерија, војни, глад
Западот – лицемерство, декаденција, егоизам
сцената соборува со контекстот изречен од актерите
дијалогот продолжува со шамарање
по бурата емоции
нема промени
„... тоне се во фарисејство...“ (Б.Пастернак)
најпосле, тука е пластичната Пеги Пикит и дрвената фигура од Африка
повторно два света кои се разминуваат
да, Пеги гледа во лицето на Бога
но,  Бог не гледа ништо
актерскиот квартет е умен и убав
ама еманира гнилеж и реа...
ах, тој несовршен свет
сепак, западот и африка, нешто ги поврзува
СИДА –та
зборот во пиесата авторот го споменува само еднаш
 

Слики од претставата