Автор: Антон Павлович Чехов
Режија: Владимир Милчин
Сценографија: Крсте С. Џидров
Костимографија: Марија Пупучевска
Улогите ги толкуваат:
Љубов Андреевна Рањевска: Бедија Беговска
Ања: Емине Халил
Варја: Несрин Таир
Леонид Андреевич Гајев: Елјеса Касо
Ермолај Алексеевич Лопахин: Џенап Самет
Петар Сергеевич Трофимов: Селпин Керим
Борис Борисович Симеонов Пишчик: Неат Али
Шарлота Ивановна: Сузан Акбелге
Семјон Пантелеевич Епиходов: Осман Али
Дуњаша: Слаѓана Вујошевиќ
Фирса: Зиба Радончиќ
Јаша: Хакан Даци
Еден минувач: Ерман Шабан
Инспициент: Ердинч Рушид
Суфлер: Нериман Шенгулер
Организатор: Мухамед Бакиовски
Асистент на режија: Шенај Мандак
Директор: Несрин Таир
Сценска техника: Зекирија Абди, Мехмет Исмаил, Суат Рахман, Џенгиз Халил, Изудин Беговиќ, Булент Хасан
Cветло : Орхан Мехмет
Инженер на светло: Беќир Кубур
Тон: Емрах Џемаили
Реквизита: Танкут Ибрахим
Гардероба: Муаља Салихи
Шминка: Севим Ќерим
Шивач:Рахметула Ахмед
Столар: Илија Николовски
Сликар: Ѓорѓи Ѓорѓиевски
Проектот е финансиран од Министерството за култура на Р.С.Македонија
Продукција – НУ Турски Театар, 01 октомври 2021
ЧЕХОВ НАШ СОВРЕМЕНИК
„Вишновата градина“ одново предизвикува со својата актуелност во времињата на општествени турбуленции кога со подемот на новите слоеви, односно класи, драматично се менуваат и сите вредности.
„Вишновата градина“ е објавена во 1903 година, а следната година праизведбата во МХАТ ја режирал Станиславски, кој играл и една од главните улоги. Станиславски ја прочитал како трагедија, а Чехов ја сметал за комедија со елементи на фарса. Сите подоцнежни постановки на „Вишновата градина“ во основа се разликуваат по тоа дали во нив преовладува трагичното или комичното. Режисерите се справувале со двојната природа на пиесата, најчесто во зависност од тоа кога и каде ја поставувале. Најлошо поминувале оние кои, инсистирајќи на трагичното, западнале во сентименталност.
„Вишновата градина“ е пиеса за залудноста, бескорисноста и јаловоста на аристократијата во напорот да го зачува својот статус, но и пиеса за буржоазијата во напорот да му даде значење на својот новооткриен материјализам сведен на алчност и варварство.
„Вишновата градина“ денес е драма за транзицијата, за неподносливата леснотија на пропаѓањето на човештвото и цивилизацијата. Алчноста на новозбогатените криминалци безмилосно го уништува човештвото уништувајќи ја неговата колевка, Земјата, уништувајќи ја природата и сè што живее во неа. Она што вџашува е немоќта на луѓето да се противстават, да ја одбранат културата и природата, да ги одбранат вредностите на цивилизацијата пред новите варвари.
Прогресот не е гарантиран. Тркалото на историјата стигна до пролетерската револуција, но од неа се изроди новата класа манипулатори чија алчност не знае за граници. „Вишновата градина“ е сценска минијатура во најубавото значење на зборот, во нејзините камерни димензии се содржи трагедијата на светот во кој живееме.
Режисер
Владимир Милчин