ТРИ СЕСТРИ

по мотивите од ТРИ СЕСТРИ на Антон ЧЕХОВ
 
 
Режија:  Васил ХРИСТОВ
Сценограф: Васил ХРИСТОВ
Костимограф: Роза ТРАЈЧЕВСКА РИСТОВСКА 
Избор на музика: Васил ХРИСТОВ
Дизајн на плакат: Џенап САМЕТ
 
Улогите ги толкуваат:
Наџи ШАБАН
Емине ХАЛИЛ
Ерман ШАБАН
Жале ОСМАНЛИ
Инес РАДОНЧИЌ
Јеткин СЕЗАИР
Неат АЛИ
Осман АЛИ
Селпин КЕРИМ
Сузан АКБЕЛГЕ 
Џенап САМЕТ 
 
 
Испициент: Ердинч РУШИД
Суфлер: Нериман ШЕНЃУЛЕР 
Организатор: Шенхан ЗЕКИР
 
Директор: Несрин ТАИР
 
Шеф на декоратери: Зекирија АБДИ
Декоратери: Изудин БЕГОВИЌ, Мехмет ИСМАИЛ, Суад РАХМАН, 
Џенгиз ХАЛИЛ, Булент ХАСАН
Тон: Емрах ЏЕМАИЛ 
Cветло дизајнер: Александар АТАНАСОВСКИ
Cветло: Беќир КУБУР, Орхан МЕХМЕТ
Реквизита: Танкут ИБРАХИМ
Гардероба: Муаља САЛИХИ, Мухамед БАКИОВСКИ
Шминка: Севим ЌЕРИМ
 
Проектот е финансиран од Министерството за култура на Р. Македонија
Продукција  – НУ Турски Театар, 21 јуни 2019


 

Во драмскиот текст Три сестри, Чехов прави видливо поместување во однос на неговите претходни дела, и тоа во насока на „не повеќе на ослободување на индивидуалецот наспроти толпата, туку мечтата за ослободување која ја зафаќа толпата, која пак истовремено покрај мечтата за ослободување запаѓа во состојба на безизлезност, безизлезност која започнува дури и пред да започне борбата“. 
Безизлезноста се удвојува преку потенцирањето/повторувањето на потребата за промена, ослободување, новиот исчекор. Сеприсутна потреба за промена, која останува декларативна и која ретко преминува во активност/делување. 
Состојбата на непоместување доведува до агонија, и на секој од ликовите поединечно и на целата толпата во која тие припаѓаат. Тивко умирање. Животна резигнација која ги опфаќа сите, а не само поединецот.
Тивкото „умирање“ отвара две многу важни прашања : Кој е виновникот за настанатата состојба на безнадежност? Дали неделувањето е одложено самоубиство? Дали самоубиството е всушност делување? Вознемирувачки прашања.
Одговорите пак одат во насока на неприфаќање на личната вина во состојбата на безнадежност, и инсистираат на пронаоѓање вина за неделување во другиот. Дали децата се казнети за постапките на родителите? Дали постапките на родителите го обележуваат животниот пат на потомците? Децата се заложници од денот на раѓањето?! Постои ли слободна воља? Дозволена ли е? Има ли поединецот право да посегне по неа?
Ликовите на Чехов се препелкаат во потребата/потрагата по изнаоѓање одговори. Но, дури и кога, можеби, одговорот е на дофат на дланка, тие остануваат закопани на едно место. 
Неподвижни.  „Уживаат“ во својата (не)можност за ослободување.
 
 
Драматург 
Викторија Рангелова
 
 

ОД МЕДИУМИТЕ

Новости
ЧЕХОВ НА НАШЕТО ВРЕМЕ
Тодор КУЗМАНОВ

Слики од претставата